„Калашников“ го претстави багито со хибриден мотор OV-2: Руските специјалци ќе се движат на струја

Концептот на баги мод. „Чаборз-М3 – Чеченавто“

Концептот на баги мод. „Чаборз-М3 – Чеченавто“

YouTube
Рускиот воено-индустриски комплекс вложува сериозни напори потполно да ги опреми специјалните ударни тимови со брзи, високопроодни и економични возила кои ќе се карактеризираат со голема едноставност на употреба, солидна носивост со можност за поставување различно вооружување, вклучувајќи и наведувани противтенковски ракети.

Концернот „Калашников“ за потребите на Министерството за одбрана на РФ ја разви верзијата на баги со хибриден мотор OV-2 кој може да достигне брзина до 100 км/час. „Ова баги може да транспортира до четворица командоси, вклучувајќи го тука и возачот“, истакнуваат од „Калашников“, пренесува информативниот портал РИА „Новости“.

Според информациите кои доаѓаат од информативната служба на концернот „Калашников“, погонскиот блок на багито OV-2 се состои од два мотора. Предниот мотор (електромотор) може да генерира сила од 75 коњски сили, додека класичниот заден мотор генерира 57 коњски сили. Суспензијата се состои од опруга со хидраулични амортизери. Системот за кочење се состои од двојни хидраулични кочници.

Употребата на мобилни високопроодни возила е исклучително важен сегменти во тактиката на изведување специјални операции. Благодарение на своите карактеристики, овие возила ги зголемуваат можностите во маневрирањето, како и самото темпо на изведување на акцијата, што во конечен збир ја зголемува нејзината ефикасност. Благодарение на компактните димензии и релативно малата тежина, овие возила можат да се транспортираат и со воено-транспортни хеликоптери.

Покрај солидната носивост, возилата од овој тип во својот арсенал можат да поседуваат многу сериозни примероци на вооружување, како што е, на пример, митралезот „Печенег“, потоа тешкиот митралез „Корд“, како и автоматскиот ракетен фрлач АГС „Пламја“/„Балкан“. Конфигурацијата овозможува и интеграција на наведувани противтенковски ракети „Конкурс“/“Метис“/“Корнет“. Предвидено е возилото да може да носи и беспилотно летало, како и да евакуира ранети и загинати припадници на специјалните тимови.

Прочитајте повеќе: Концернот „Калашников“ ја претставува својата нова автоматска пушка АК-308

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња