„Калашников” прави футуристички борбен робот?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Изгледа како нешто од филмот „Аватар“ на Џејмс Камерон.

Дали се сеќавате на оние застрашувачки роботи кои го гонат парализираниот маринец на планетата Пандора во блокбастерот на Џејмс Камерон „Аватар”? Па, Русите направија нивна реална верзија.

Концернот „Калашников” на 21 август на форумот „Армија-2018” претстави концепт на нов воен робот.

Роботот е наменет за извршување на борбени и инженериски задачи.

Стои на две масивни нозе (како лошиот ED-209 од „Робокап”) и има две раце.

Затемнетото стакло го штити таканареченото седиште на возачот од каде човек управува со овој моќен метален склоп.

Во медиумите протече непотврдена информација за тоа дека роботот се вика „Игорјок”. Ќе следиме што ќе се случува понатаму...

Прочитајте повеќе: Доаѓа ли Терминатор? Вештачката интелигенција ги плаши и Русите и Американците