Бунтот на машините: најнови борбени роботи создадени во Русија

Одметник Еден: Приказна од Војна на Ѕвездите (2016).

Одметник Еден: Приказна од Војна на Ѕвездите (2016).

kinopoisk.ru
Руските вооружени сили се повеќе ќе се потпираат на роботи, за да се минимизира загубата на човечки животи при евентуални војни во иднината. Употребата на високо автоматизирани системи без учество на луѓето најверојатно ќе ѝ обезбеди на Русија сериозна предност на бојното поле.

Во потрага по сериозна предност при евентуални идни конфликти, Русија активно развива беспилотни автоматски системи за вооружените сили. Користењето роботи на бојното поле може да се покаже како решавачко влијание и да помогне за избегнување на човечки загуби.

Со развојот и производството на роботи во земјата во моментов се занимаваат Руската фондација за напредни студии (еквивалент на Американската агенција за перспективни воени истражувања или ДАРПА), како и различни истражувачки институти и центри.

„Руска реч на македонски“ ви ги претставува најновите руски случувања во сферата на воената роботика.

Воени роботи

Главните напори во областа на воената роботика се насочени кон развој на борбени роботи кои ќе ги заменат војниците на бојното поле.

Борбениот робот „Нерехта“, развиен од страна на Рускиот фонд за напредни студии во партнерство со фабриката „Дегтјарјов“, ќе се бори со блиндирана техника.

Роботот има три модули: линеен, транспортен и за артилериско разузнавање. Борбениот модул во различните варијанти ќе биде опремен со митралези „Корт“ или „Калашников“.

Модулот може да биде опремен и со автоматски гранати АГ-30м и противтенковски ракетен систем.

„Нерехта“ се состои од компактна лесна гасенична шасија, корпус и држач за специјална опрема.

Се претпоставува дека „Нерехта“ ќе се користи во тандем со дронови.

Биоморфни роботи

Исто како и во многу други земји, и во Русија е во тек развојот на биоморфни роботи. Четириножниот робот „Линкс“ ќе биде вооружен со митралез и противтенковски водени проектили.

Тој ќе може да работи во градски и индустриски области - на асфалт, мермер, дрво, песок и земјени површини.

Освен тоа „Линкс“ ќе може да делува и врз мраз, трева, снег и во плитка вода.

Овој робот-ѕвер најверојатно ќе се користи како разузнавач. Покрај тоа, ќе може да транспортира муниција и опрема и да води борбени дејства.

Роботи-чувари

Големо внимание се посветува и на развојот на роботи-чувари, кои ќе се користат за заштита на стратешки објекти.

Во моментов се работи на роботски систем кој сèуште нема име, за целите на Стратешките ракетни сили - негова работа ќе биде да чува силоси, од кои се лансираат ракети.

Оваа мало возило ќе биде вооружено со митралез и автоматски фрлач.

Системот ќе детектира цели ноќе и ќе биде невидлив за непријателот. Покрај тоа, ќе може да се движи во периметарот на ракетниот комплекс и ќе го чува од напади.

Роботот ќе може и да пука во цели во радиус од 400 метри.

Мобилни роботни комплекси

Покрај сето останато, оваа година Стратешките ракетни сили почнаа да ги чуваат објектите со мобилен роботен комплекс (МРК). МРК е создаден со цел разузнавање, откривање и уништување на стационарни и подвижни цели. Тој ги обезбедува конвенционалните единици со стрелба и патролирање и чува важни објекти.

МРК може да набљудува, да следи и да ангажира цели на автоматски и полуавтоматски режим. Роботите се опремени со опрема за оптичко-електронско и радарско разузнавање.

Со цел следење и заштита на државната граница и на крајбрежните области во моментов се развива посебен поморски робот кој ќе може да работи во текот на многу денови од далечина од 100 километри внатре во водата.

Овој робот ќе треба претходно да ја дефинирана маршрута без интервенција на оператор, и ќе се поврзува со подморници, бродови и станици на брегот.

Роботи-медицински сестри

Освен борбени роботи, руските истражувачки центри работат и на создавањето на автоматски возила кои можат да ги изнесуваат повредени од бојното поле и да обезбедат прва медицинска помош.

Борбената опрема на војникот од таканаречениот проект„Бранител на иднината“ ќе вклучува и робот.

Овој робот ќе дејствува како личен асистент на војникот. Тој ќе му помага да удира цели и ќе го евакуира од бојното поле.

Роботот-медицинска сестра „Ангел“, развиен од страна на НВО „Сплав“, ќе може да дијагностицира, да составува алгоритам за лекување чекор по чекор, да ја следи состојбата на пациентите и да менува методи на третман, ако е потребно.

Роботот ќе се нуди во стационарна и мобилна верзија. Мобилната верзија ќе помага на вооружените сили во вонредни ситуации и при евакуација на пациенти од оддалечените области.

„Ангелите“ ќе се користат како за воени, така и за цивилни цели. Руското Министерство за одбрана планира да распореди вакви роботи на оддалечените гранични области и на предни позиции на Арктикот.

Друг робот наречен „Специјалист“ развиен од главниот центар за истражување и тестирање на роботи на Министерството за одбрана, ќе може да ги евакуира повредените од бојното поле.

Тој претставува лесно возило со гасенична шасија и антропоморфен корпус, кој симулира рака, глава и тело.

Основната цел е роботот да уништува неексплодирани гранати и мини. Во иднина, тој ќе се користи и како медицински робот.

„Специјалист“ може да мине над 20 километри на нерамен терен со помош на гумени синџири.

Роботи направени од воена опрема

Освен создавањето воени роботи од нула, постојат и планови за трансформација на постоечките воени возила во беспилотни автоматски системи.

„Уралвагонзавод“ работи на трансформацијата на тенкови Т-90, целта е да се создаде беспилотно автоматско возило.

Беспилотната верзија на Т-90 ќе располага со таканаречено синтетички око - современ технички систем за гледање, при што сите уредите на надворешната површина на тенковите (радар, ласерски далекумер и многуспектровни камери) ќе генерира дигитална синтетизирана слика на бојното поле на мониторот во тенкот кој ја води операцијата.

Со овој систем, операторот на водечкиот тенк ќе може да ја координира работата на автоматските тенковски единици.

Работи се и роботизираната верзија на најновиот тенк Т-14 „Армата“, а се очекува таа да биде готова во 2018 година

Покрај тоа, врз основа на тенковите „Армата“ и „Бумеранг“ најверојатно ќе биде создадено возило за компјутерско истражување и расчистување. Тоа ќе може да детектира и да неутрализира мини и да уништува непријателски тврдини.

Според генерал Јуриј Ставицки кој ги раководи инженерските единици, соовие беспилотни возила ќе се подобри ефикасноста на разузнавачките операции.

Роботот ќе ги пренесува разузнавачките податоци на контролниот систем во дигитален формат, во реално време, додаде генералот.

Беспилотната машина ќе им помага на вооружените сили да го одржуваат оддалеченото разузнавање на минските полиња, да наоѓаат и уништуваат мини од далечина од само 200 метри и да обезбеди пробив на противпешадиските и тенковските утврдувања на бојното поле.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња