Модернизираните противвоздушни топовско-ракетни системи „Панцир“ ќе бидат тестирани следната година

Сергеј Бобилев/TASS

Примопредајните тестирања на модернизираниот противвоздушнен ракетни-топовски систем „Панцир-С1М“ се планирани за идната година, изјави раководителот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов.

До крајот на оваа година треба да бидат извршени тестирањата на новата ракета за „Панцир“, најави раководителот на „Ростех“, истакнувајќи дека нејзините технички карактеристики ги надминуваат сите постоечки конкуренти.

„Панцир С1“ е противвоздушен ракетно-топовски систем кој има копнена и поморска верзија. Осмислен е во Конструкторското биро за инструменти во Тула, а наменет е за непосредна заштита на цивилни и воени објекти, вклучувајќи и системи за противвоздушна одбрана со голем дострел. Во оперативна употреба на руската војска влезе 2008 година. Екипажот го сочинуваат три члена, а времето потребно да се постави во борбена позиција изнесува пет минути. Времето на реакција е исклучително кратко, од четири до шест секунди. Во борбениот комплет има 12 ракети и 1400 гранати.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња