Русите развиваат„Панцир СМ(Х)“ кој ќе биде вооружен со хиперсонични ракети?

Wikipedia
Рускиот военоиндустриски комплекс продолжува да ги „шокира“ сите вљубеници во современата воена техника. Имено, неименуван извор во ВИК им пренесе на новинарите информација дека руските конструктори работат на проект на опремување на ПВО-систем со краток дострел со хиперсонични ракети. Со вакви ракети дострелот на хибридниот противвоздушен ракетен систем „Панцир“ може да се зголеми за речиси три пати!

Ова за интернет порталот „Интерфакс“ го пренесе неименуван извор вод рускиот военоиндустриски комплекс. „Во овој момент работиме на проект за модернизација на противвоздушниот ракетен систем „Панцир“, кој ќе биде опремен со хиперсонични ракети од класата „земја-воздух“. Проектираниот хоризонтален дострел на овие ракети е околу 60 километри“, истакна неименуваниот извор.

Уште во 2013 година генералниот директор на холдингот „Високопрецизни системи“ (Высокоточные комплексы) Александар Денисов истакна дека инженерите на оваа компанија работат на системи кои ќе имаат хиперсонични карактеристики. „Комплетниот проект се одвива многу успешно“, изјави уште пред пет години директорот Денисов.

Најмодерната оперативна верзија на хибридниот противвоздушен ракетен систем ја носи ознаката „Панцир-С2“. Се одликува со исклучително кратко време на реакција од откривањето на целта до дејствувањето по него. Целиот процес трае само неколку секунди, додека времето меѓу лансирањата на 2 ракети е 1,5 секунди. Според овие параметри „Панцир-С2“ нема достоен ривал во светот. Покрај соборување на авиони и хеликоптери, тој соборува и беспилотни летала и крстосувачки ракети, како и останатите типови на високопрецизно воздухопловно оружје чија брзина достигнува 1000 м/сек. Целите кои имаат намалена радарска рефлексија и кои се практично невидливи ЕПР 0.03-0.06 м2, овој систем и уништува со висок степен на успешност (0,7 со една ракета, 0,99 со две ракети). Зоната на уништување на целите е 20 км во далечина и 15 км во висина. Покрај суперсоничните ракети со кои е опремен овој систем, тука се наоѓаат и спарените автоматски топови 2А38 калибар 30 мм со борбена каденца од 5000 гранати во минута. Борбениот комплет на еден систем „Панцир-С2“ се состои од 12 ракети и 1400 гранати подготвени за употреба.

Меѓутоа, тоа не е сѐ. Во септември 2017 година, заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов истакна дека во 2018 година се очекува довршување на работите и испорака на најновата верзија на овој систем кој ќе ја носи ознаката „Панцир-СМ“, а која ќе биде двојно подобра од својот претходник. Процените се дека новиот „Панцир-СМ“ ќе биде оспособен да уништува летачки објекти на далечини и до 40км, што го става во категоријата на ПА системи кој освен краток, може да покрива и среден дострел. Исто така се смета и на интеграција на нов радар со фазна антенска решетка со зголемени борбени способности. 

Прочитајте повеќе: Премногу брзи и незапирливи: Кои хиперсонични ракети ги прави Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња