Рускиот „Панцир“ е главната ѕвезда на војната во Сирија
Wikipedia.orgПозициите на руската противвоздушна одбрана кои ја бранат авиобазата Хмејмим имаа изминативе недели полни раце работа. Според наводите на рускиот информативен портал „Взгљад“, изминативе две недели се соборени 16 непријателски беспилотни летала. Овој податок го изнесе началникот на Центарот за помирување на завојуваните страни Алексеј Циганков.
Практично сите летала се лансирани од просторите на северна Сирија, поточно од зоната на деескалација Идлиб која ја контролираат различни терористички групи.
Според наводите на истиот информативен портал, единиците за противвоздушна одбрана кои го бранат воздушниот простор над воздухопловната база Хмејмим во понеделникот собориле пет беспилотни летала кои долетале од правец на зоната на деескалација Идлиб.
Многу интензивни провокации се регистрирани и во месец јули, каде во околината на воздухопловната база Хмејмим се лоцирани и соборени вкупно 26 беспилотни летала кои главно долетале од регионот Идлиб.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче