МО на Русија ги „капарисува“ првите ловци од петта генерација Су-57 на саемот „Армија-2018“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од следната година се очекува испорака на првите шест оперативни авиони Су-57 на единиците на Воздушно-космичките сили на руската армија. Договорот ќе биде потпишан до крајот на летото, а можеби дури и следната недела, кога се одржува големиот воено-технички саем „Армија-2018“.

Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК) и Министерството за одбрана на Руската Федерација планираат до крајот на годината да го склучат првиот договор за испорака на шест борбени авиони од петтата генерација Су-57. Постои голема веројатност овој договор да се потпише за време на саемот на оружје и воена техника „Армија-2018“ кој ќе се одржи следната недела во Подмосковје. Ваков развој на настаните најави претседателот на компанијата ОАК Јуриј Сљусар во интервју за рускиот телевизиски канал „Русија-1“, пренесува интернет порталот ТАСС.

„До крајот на летото, а можеби веќе и во „Патриот“ (се работи за паркот во Подмосковје во кој се одржува „Армија-2018“) ќе потпишеме договор со Министерството за одбрана на РФ за испорака на првата комплетирана серија авиони Су-57. Тоа значи дека веќе од следната година ќе ги имаме овие летала во оперативните единици на руската армија“, истакна Сљусар.

Су-57 претставува повеќенаменски борбен авион од петта генерација кој е направен врз база на технологија на радарска невидливост-стелт со широка примена на композитни материјали. Овој авион е способен да лета со суперсонична брзина, без да влезе во режим на дополнително согорување. Опремен е со нов навигациско-напаѓачки комплекс, во таа смисла со моќен воздухопловен компјутер (во професионалните кругови се нарекува како електронски втор пилот), на целата површина на авионот се наоѓаа традарски сензори, додека основните вооружување е распоредено во спремници во внатрешноста на авионот. Првата испорака на овие авиони на единиците на Воздушно-космичките сили е планирана за следната година - 2019 година. Се претпоставува дека првиот договор ќе биде потпишан за група од 12 авиони Су-57.

Прочитајте повеќе: Анатолиј Квочур: Рускиот ловец од петта генерација Су-57 ќе управува со јато беспилотни летала