Претседателот на Обединетата корпорација за производство на авиони Јуриј Сљусар изјави дека рускиот повеќенаменски ловец од петта генерација Су-57 е значително поевтин од американскиот конкурент F-35.
„Само три земји, вклучувајќи ја и нашата, имаат ловци од петта генерација. За Кина немам точни информации, но за нашиот Су-57 можам да кажам дека е многу поевтин од американскиот F-35“, изјави Сљусар во интервјуто за весникот „Ведомости“.
Првиот човек на руската компанија не ја наведе цената на леталото, но нагласи дека Су-57 не може да се споредува со авионите од претходната генерација затоа што има „поинакви системи и потполно поинакви функционални можности“. „A ако е поефикасен, тогаш е и поскап“, додава тој.
Првиот прототип на авионот Су-57 полета на 29 јануари 2010 година. Членот на експертскиот совет на Државната дума на РФ за воздухопловната индустрија Владимир Гутеев претходно изјави дека рускиот ловец од петта генерација Су-57 според карактеристиките воопшто не заостанува зад американските авиони F-35 и F-22, иако чини два и пол пати помалку. Тој прецизираше дека според техничките карактеристики рускиот и американскиот ловец се речиси идентични, меѓутоа, кога станува збор за маневарските способности, руското летало го надминува конкурентското.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче