Сирија: Руските „Панцири“ собориле 42 беспилотни летала изминативе 45 дена?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Само во месец август се соборени 16 беспилотни летала кои се лансирани од зоната на деескалација Идлиб. Во реонот на воздухопловната база Хмејмим во месец јули се соборени дури 26 далечински наведувани „натрапници“.

Позициите на руската противвоздушна одбрана кои ја бранат авиобазата Хмејмим имаа изминативе недели полни раце работа. Според наводите на рускиот информативен портал „Взгљад“, изминативе две недели се соборени 16 непријателски беспилотни летала. Овој податок го изнесе началникот на Центарот за помирување на завојуваните страни Алексеј Циганков.

Практично сите летала се лансирани од просторите на северна Сирија, поточно од зоната на деескалација Идлиб која ја контролираат различни терористички групи.

Според наводите на истиот информативен портал, единиците за противвоздушна одбрана кои го бранат воздушниот простор над воздухопловната база Хмејмим во понеделникот собориле пет беспилотни летала кои долетале од правец на зоната на деескалација Идлиб.

Многу интензивни провокации се регистрирани и во месец јули, каде во околината на воздухопловната база Хмејмим се лоцирани и соборени вкупно 26 беспилотни летала кои главно долетале од регионот Идлиб.

Прочитајте повеќе за војната против дронови: Како руската војска ги претвора ударните беспилотни летала во играчки