Американски експерти: Рускиот ударен дрон од 6 генерација „Охотник“ е најобична фикција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американците тврдат дека Русите блефираат кога зборуваат за скорешно воведување на тешкото беспилотно летало „Охотник“ во вооружувањето на својата армија. Од друга страна, највисоките претставници на рускиот воено-индустриски комплекса се уверени дека до 2020 година првиот „Охотник“ ќе биде во оперативна употреба, подготвен да изведува најсложени борбени задачи.

Изјавите за конструирањето на тешкиот беспилотен летечки апарат „Охотник“ (Ловец) во овој момент немаат реална основа, истканува американскиот сајт Popular Mechanics, пренесува Лента.Ру. Американски сајт забележува дека рускиот воено-индустриски комплекс има во план развој на „Охотник“ и дека проектот ќе се интензивира дури на крајот на комплетниот развој на ловецот од 5 генерација Су-57. Интернет-сајтот понатаму наведува дека „Охотник“ ќе биде направен според технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост и дека своето оружје (бомби и проектили) ќе го носи во внатрешните борбени спремници како и кај традиционални ловци од 5 генерација. Оплатата на беспилотниот апарат ќе биде направена од композитни материјали.

Претходно руски „Интерфакс“ напомена дека рускиот тежок ударен дрон „Охотник“ се наоѓа во завршна фаза на испитувања и дека следната година го очекува својот прв лет, додека од почетокот на следната деценија првите примероци се очекуваат во вооружувањето на руската армија.

Неговите главни летечко-тактички карактеристики засега не се откриваат. Според некои основни податоци кои успеаја да протечат во јавноста, основната конструкторска база за развој на ова летало  е шемата на тнр. „летечко крило“. „Охотник“ ќе достигнува маса од 20 тони, што е двапати повеќе од, на пример, ловецот МиГ-29. Неговата брзина на летање ќе биде подзвучна (до 1000 км/ч), додека неговиот максимален домет ќе биде 3500 км. Леталото ќе биде во можност да се искачи на височина од 10500 метри од каде што со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши  операции за извидување.

Вкупниот буџет за развој на ова летало се проценува на 1,6 милијарди рубли (околу 25,6 милиони американски долари).

Прочитајте повеќе: Русите го тестираа тешкиот ударен дрон „Аљтиус-О“ кој ќе има интерконтинентален долет?