Руски војници се подготвуваат да лансираат дрон ви текот на заедничките руско-индиски маневри во 2016 година на полигонот Сергеевски.
Виталиј Анков/РИА „Новости“Според изворот, проектот се реализира од страна на експериментално-конструкторското биро „Авиаавтоматика“ (Курск“ заедно со компанијата „ВАИС-Техника“ веќе три години како иницијатива.
„Оружјето за беспилотните летала се именува од страна на конструкторите како летала за испорака на товари со воздушен старт. Фактички, тоа се диригирани, меѓу другото и планирачки бомби“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“.
Тој истакна дека се создава семејство на производи со маса од 15, 25, 50 и 100 килограми кои можат да испорачуваат боева глава со маса до 50 килограми. Опсегот е од 12 до 20 километри со лебдење во воздух, 100 километри со користење на моторот.
Должината на производот е од еден до два метри, а масата на товарот (корисната маса и боевата глава) е 7, 17, 25 и 50 килограми.
Муницијата има модуларен тип на конструкција, што овозможува на единствена структурна основа во теренски услови да се склопуваат како уредите за планирање, така и опремата на борбеното летало. Исто така е можно во теренски услови да се инсталира боевата глава и да се промени модулот на наведување.
За време на летот можно е да се користат линии за радио корекција, а навигација се врши според податоците на инерцијалниот систем и сателитскиот систем за позиционирање. Наведувањето кон целта е со помош на ласер и видео модул за контрола.
Водечкиот руски експерт во областа на беспилотните летала Денис Федутинов истакнува дека ситуацијата со недостиг на модерни системи на беспилотни летала од тешка класа во Русија, која, според него, веќе се развлекла, предизвикува недостаток на малогабаритни оружени системи кои се потенцијално применливи за овие летала.
Појавата на новите системи тој ја нарече позитивен момент кој покажува одреден напредок, особено со оглед на паралелниот развој на беспилотните летала „Корсар“, „Орион“ и „Алтиус“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче