Завршен концептуалниот проект на руската подморница од петта генерација „Хаски”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Стручњаците го завршија концептуалното проектирање на подморницата од петта генерација „Хаски“ и го дефинираа нејзиниот облик, соопшти директорот на Обединетата корпорација за бродоградежништво Алексеј Рахманов во интервјуто за весникот „Известија“.

„Предложени се неколку варијанти, а сега меѓу нив треба да се избере оптималната“, изјави тој.

Според него, во тек е изработка на проектот на тактичко-техничките карактеристики на новата подморница.

„Сето останато за „Хаски“ засега е воена тајна“, додаде Рахманов.

За повеќенаменските нуклеарни подморници „Хаски“ се знае малку. Се знае дека подморницата ќе носи перспективни ракетни системи со хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон”. Медиумите првпат објавија податоци за подморницата во февруари 2011 година. Се претпоставува дека системот ќе ја носи ознаката 3К-22, а ракетите 3М22.

Како што изјави заменик-командантот на руската Воена морнарица задолжен за вооружување Виктор Бурсук, изградбата на подморници од проектот „Хаски“ ќе влезе во државната програма за вооружување за 2018-2025 година.

Прочитајте повеќе: Конструкторите го покажаа изгледот на перспективната атомска подморница од петта генерација „Хаски“