Стратешката нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ од Проектот 955 пристигнува во својата постојана база во Вилјучинск, Камчатка.
Илдус Гилјазутдинов/РИА „Новости“Најновите подморници од класата „Бореј-А“ и „Јасен-М“ ќе станат фактички незабележливи благодарејќи на нечујните херметички пумпи произведени во Русија. Подморниците претходно беа опремени со уреди кои ги произведуваше молдавскиот научно-технички центар „Гидротехника“, пишува РИА „Новости“.
Конструкцијата на секоја подморница ја сочинуваат десетина пумпи кои всушност ги претставуваат нејзиното „срце“ и „крвотокот“. Пумпите обезбедуваат циркулација на течноста во реакторот, полнење на торпедата со вода пред лансирање на проектилите, одговараат за процесот на нуркање и испливување. Меѓутоа, вревата што се создава при нивното работење е главниот фактор кој ги открива нуклеарните подморници, затоа што токму неа ја „слушаат“ сонарите на противникот.
Најновите руски пумпи ги дизајнира и произведува фабриката „Лопастные гидравлические машины“. Карактеристиките на производот се сметаат за тајна, затоа што токму тие го одредуваат „профилот“ на секоја подморница. Доколку се знаат тие параметри, воопшто не е тешко да се открие подморница покрај природната врева.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче