Александар Моклецов / Sputnik
Откако Советскиот Сојуз кон крајот на 50-те години од минатиот век почна активно да ја развива својата вселенска програма, беше соочен со сериозен проблем. Центарот за контрола на летањето ефикасно ги следеше и контролирање вселенските бродови само додека се наоѓаа над територијата на СССР и во секој друг случај беше „слеп“. Затоа беа потребни центри кои ќе ги ловат сигналите на вселенските летала на целата планета Земја. Така се роди советската космичка флота.
Александар Моклецов / Sputnik
Првиот брод на оваа флота беше преправен товарен брод, но од 1967 година па натаму бродовите кои ги следеа вселенските апарати се градени според оригиналниот дизајн.
М. Начинкин / Sputnik
Бродовите ја имаа најнапредната опрема и најдобрите параболични краткобранови антени кои ги пренесуваа податоците од вселенските бродови до командниот центар во СССР.
Б. Червјаков / TASS
Сите тие бродови се наречени во чест на истакнати луѓе од советската космонаутика: „Космонаут Владимир Комаров“, „Космонаут Владислав Волков“, „Академик Сергеј Корољов“ итн.
Александар Моклецов / Sputnik
Главниот брод на поморската космичка флота „Јуриј Гагарин“, спуштен во вода 1971 година, беше најголемиот и најмодерен советски брод за следење на вселенските апарати. Имаше 86 лаборатории и 75 антени. Стабилизаторот на бродот овозможуваше релативно комотни услови за работа дури и за време на најголема морска олуја.
Siegler/Wikipedia
Овие бродови се користеа и за тестирање на морските балистички ракети. Но тоа не беше нивната главна мисија, затоа што советската воена морнарица имаше за тоа специјални бродови како големиот нуклеарен истражувачки броди ССВ-33 или „Урал“ и бродот „Маршал Крилов“.
Wikipedia
По распадот на СССР, речиси сите пловила на космичката морнарица завршија на меѓународните гробишта на бродови во индиското пристаниште Алунг.
А. Савин/Wikipedia
Последниот брод на космичката морнарица „Космонаут Виктор Пацајев“ е повлечен од употреба во 2001 година и стана експонат во Музејот на светското море во Калининград.