Кога нивниот активен живот ќе заврши, авионите и хеликоптерите ги оставаат на некоја полјана обично во близина на аеродром.
Пред да бидат оставени леталата на „гробишта“, од нив се симнуваат сите детали кои сѐ уште можат да се искористат. Воените авиони се во таква состојба што никогаш повеќе не можат да учествуваат во акција. Деталите кои не се толку важни не ги симнуваат стручњаци, туку аматери-ентузијасти. Од авионот на крајот останува само костурот.
Туристите сакаат да ги посетуваат гробиштата на авионите, да се качуваат во големите летала и да се фотографираат. Ги доживуваат како луна-парк.
За пензионираните пилоти гробиштата се место на носталгија и тага. Тие често доаѓаат со своите внуци да им покажат со какви машини порано управувале.
Московските гробишта на авиони се затвораат од градските власти заради изградба на нови станбени квартови.
Во другите делови на Русија гробиштата на авиони и понатаму постојат. Некои од нив стануваат сѐ поголеми. Меѓу најголемите се гробиштата покрај Улјановск и Казањ.
Некои гробишта се познати под различни имиња, на пример „Аеродром за обука на пилоти на Универзитетот во Самара“, каде некои авиони сѐ уште се користат од студентите.
Руските гробишта на авиони не се најголемите на светот. Покрај американската воена база во пустината Мохаве (Аризона) има околу 4400 авиона кои никогаш повеќе нема да полетаат. Овој светски рекорд е навистина тешко да се урне.
Дознајте повеќе и за Заборавените гробишта на тенкови во Русија
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче