Сеништа на минатото: Каде засекогаш запираат руските возови

Илја Гостјухин / E1.ru
Возовите кои си го одработиле своето одат или на рециклажа или во депо, а всушност – „на гробишта“. Ако притреба, може да им се вдахне нов живот.

Кога животниот век ќе им заврши на локомотивите и вагоните, тие се разделуваат и заминуваат во различни правци. Првата можност е да го заземат почесното место во музејот на железницата. Сепак, тоа го можат само ретки интереси примероци.

Втората, повообичаена можност е вагоните и локомотивите да се расклопат на делови. Тие се претвораат во купиште метал кој најчесто им се дава на фабриките. Така старите вагони прават место за новите.

Колку време е потребно да се демонтира еден вагон зависи од неговиот тип: отворен вагон за еден час, а танкер или ладилник за два дена.

Меѓутоа, најчесто старите вагони завршуваат во депо, на таканаречените „гробишта“.

За време на Втората светска војна ваквите гробишта беа добро чувани. Се очекуваше дека во случај на нуклеарна војна и немање струја, парните локомотиви ќе бидат единственото превозно средство на железницата.

По 1991 година националната стратегија се промени, но и денес Руски железници продолжуваат да ги сметаат гробиштата за возови за стратешки објекти и да ги чуваат парните локомотиви.

На некои гробишта локомотивите добро ги одржуваат и можат да ги оспособат за возење во рок од неколку дена. На други гробишта парните локомотиви се на вечна починка.

Има и такви кои ги напуштаат гробиштата. На пример, унгарската „Маваг“ парна локомотива од 1936 година долго време беше на гробиштата во Пермскиот крај, но конечно стана грдост на еден уралски музеј.

Без оглед на тоа што гробиштата за возови се затворени и добро чувани зони, крадците симнуваат од вагоните слој по слој.

Прочитајте повеќе за заборавените гробишта на бродови во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња