Рециклажата на застарената воена опрема е важна задача за руските Вооружени сили. И тешко е да се каже дали на тоа поле има придвижување. Бројните складишта на застарената воена опрема непрекинато се полнат.
Многу често ваквите „гробишта” остануваат без надзор. Така, се случи печуркари во шумите на Московската област да пронајдат стар систем С-200.
Најисплатливата варијанта за Министерството за одбрана на Русија во решавањето на прашањето со застарената опрема е организација на специјални аукции на кои физички лица или организации можат да ги купат непотребните возила.
Застарената воена опрема пред продажбата минува процес на демилитаризација: целото оружје, уредите и технологиите мораат да бидат отстранети.
Се случува тенкот или военото возило да мораат да бидат отфрлени и пред воопшто да имале шанса да бидат употребени и да имаат нула километража.
Продадената опрема почнува да се користи во цивилни цели. Тенковите можат да се користат како противпожарни возила во тешки услови, а оклопните транспортери се идеални за геолозите и љубителите на екстремните спортови.
Останатата отфрлена опрема се носи во сервисите за поправка на оклопната техника, каде што се сечат на делови: се задржуваат деловите кои можат да се искористат, а остатокот се фрла.
Третата можност е опремата да се најде на „гробишта“ и да чека конечно да стигне на ред за рециклажа или целосно да пропадне на дождот и снегот.
Русија не е единствената земја која е соочена со проблемот на застарената воена опрема. Вакви гробишта постојат насекаде во светот. Едно од најинтересните се наоѓа во близина на италијанскиот град Верчели, а друго во воздухопловната база Дејвис-Монтен во Аризона, каде е сместено едно од најголемите складишта на стари воени авиони.
Руското Министерство за одбрана би сакало да ги избегне грешките од минатото. Затоа тоа денес склучува договори со производителите на вооружување за одржување на опремата во текот на целиот нејзин век на користење, вклучувајќи и рециклажа по излегувањето од функција. Ова би требало да спречи создавање на нови гробишта на воена техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче