Како што се дознава, главната задача на ова суперсовремено оружје е уништување на военопоморски бази на потенцијалниот непријател. Нуклеарниот мотор му овозможува на „Посејдон“ да преминува интерконтинентални далечини на длабочина поголема од еден километар со брзина од 60-70 јазли, изјави извор во военоиндстрискиот сектор, пренесува агенцијата ТАСС.
Оваа подморница без екипаж може да носи различни нуклеарни боеви глави. Најмоќна ќе биде компактната термонуклеарна боева глава со сила од 2 мегатона. Слична боева глава ќе носи и хиперсоничниот ракетен систем „Авангард“.
„Посејдон“ е потполно роботизирана брза длабоководна нуклеарна подморница која тешко може да се детектира.
Кон крајот на 2017 година успешно беше тестиран нуклеарниот погонски систем за подморница-робот. По конкурсот за избор на имиња на новото оружје, распишан од руското Министерство за одбрана, беше решено длабоководниот беспилотен апарат да го добие името „Посејдон”.