„Национален Интерес“ ги оценува шансите на F-22 во воздушна битка со рускиот Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските експерти навикнаа својот авион од петта генерација F-22 „Raptor“ да го воспеваат и да го крунисуваат како единствениот „крал“ кој владее со бескрајот на небесното пространство. Меѓутоа, со појавата на рускиот авион Су-57 и најновите информации за неговиот технички развој, неговата круна е повеќе од растресена и постои закана да биде отфрлена, доколку воопшто и постоела.

Според мислењето на авторот на овој текст, доколку на крај успее приказната со интеграцијата на новиот мотор на Су-57, тој според сите показатели ќе стане респектабилен конкурент на американскиот ловец од петта генерација F-22 „Raptor“. Во текстот се нагласува дека новиот мотор „Изделие 30“ има потисна моќ од најмалку 15000 кг. Со овој мотор авионот ќе има исклучителни тактичко-технички карактеристики, особено ако се земе предвид дека ќе има имплементиран систем за управување со векторот на потисок и тоа во сите агли, што ќе му даде висок степен на маневарбилност.

Невидливоста при летот, која се јавува како основна тактичка предност на американскиот ловец F-22 „Raptor“ (како и генерално на секој авион од петта генерација), може да се покаже целосно неважен во судир со рускиот ловец. Рускиот Су-57 е засилен со напредни системи за противелектронска борба кои можат во целост да го онеспособат радарот што се наоѓа во американскиот ловец.

Руските авиоконструктори принципиелно не веруваат во ефикасноста на системите кои на авионот му овозможуваат да остане радарски целосно невидлив. Нивната концепција се потпира на тоа да се збунат противничките радари, да се придушат, поради што и се конструираат најновите борбени летала според таа формула. Бочните радари кои се монтирани на оплатата на авионот Су-57 се наменети токму за тоа. Тие го деформираат радарското поле што го проектира американскиот авион, а кој ја фиксира својата цел врз принципот на доплеровиот ефект.

Авторите на овој текст претпоставуваат дека Су-57 ќе користи тактика на нагла напаѓачка тракеторија на летот во правец на непријателскиот авион, затоа што во тие зони радарот нема можност за детекција (овие агли претставуваат тнр. „слепи“ зони на набљудување). Постои голема веројатност овие авиони да се сретнат  и во услови на меѓусебна оптичка видливост, поточно во зоната на блиска воздушна борба или догфајт. И едниот и другиот авион ќе бидат опремени со такви сензори и противелектронски одбранбени системи што нивното соборување на големи растојанија ќе биде многу отежнато. Токму поради оваа причина, во план е значително „софистицирање“ на пилотскиот шлем кој ќе биде опремен со најновите електронски достигнувања, како и нова палета ракети од класата „воздух-воздух“, кои на пилотот ќе му овозможат практично со поглед да ја гаѓа секоја цел што ќе се појави во неговото видно поле.

Во ваква ситуација е многу тешко да се прогнозира конечниот исход на ваква битка, заклучуваат американските експерт. Најверојатно во евентуална борба меѓу овие два авиона победата ќе ја однесе поискусниот пилот.

Погледнете ги сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57