Су-30 на Воздухопловните сили на Индија, октомври 2017.
Prabhat Kumar Verma/ZUMAPRESS.com/Global Look PressПретходната идеја Русија и Индија заеднички да работат над ловци од петта генерација врз база на Су-57 во моментов е во фаза на застој. Затоа сега се размислува за модернизација на Су-35, борбеното летало од генерацијата 4++. Тој потфат ќе биде релативно евтин, што е негов очигледен плус.
„Ако вестите за развој на авиони од петта генерација врз база на Су-35 се вистинити, резултатите можат да бидат многу интересни, односно ќе го видиме најдобриот ловец во својата класа“, се вели во статијата на јапонското издание „Дипломат“. Конструкцијата во целост одговара на карактеристиките на ловец од петта генерација, со исклучок што не е „невидлив“. За Јапонците е очигледно дека се мисли и на таа компонента кога се зборува за модернизација.
Су-35
ReutersСлични потфати веќе имаше. На пример, САД не сакаа да го извезуваат својот ловец од петта генерација F-22 Raptor, така што компанијата „Боинг“ го усоврши ловецот F-15E до верзијата F-15SE Silent Eagle. Меѓутоа, кога стана „незабележлив“ F-15E не се претвори во ловец од петта генерација, додека Су-35 тоа може да го постигне. Руско-индиски ловец може да стане уште поопасен ако се вооружи со специјалните ракети за Су-57. Сега врз база на Р-37 се прави нова ракета „воздух-воздух“ која може да достигне цел оддалечена до 400 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче