Како што пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на Главната команда на Воената морнарица на РФ, полигонот во Феодосија во иднина ќе биде користен за тестирање на поморски роботизирани системи. Инаку, во актуелните тестирања учествува специјалниот опитен брод 20360ОС „Виктор Чероков“.
„Клавесин-2Р“ претставува втора генерација на домашни автономни подводни апарати. Далеку е поголем од својот претходник „Клавесин-1“ кој по изглед и димензии е сличен на торпедо. Најновиот апарат покрај тоа е прилагоден и за користење на современа опрема.