„Станува збор за 73 торпеда. Договорот вреди 7,2 милијарди рубли и важи до крајот на 2023 година. Планирано војската да ги добие првите торпеда наредната година, но фабриката ќе добие аванс така што сериското производство ќе почне веќе годинава“, објасни генерал-потполковник Анатолиј Гуљаев, началник на Главната управа за вооружување на Вооружените сили на РФ.
„Договорот е долгорочен. Засега трае пет години. Кога ќе се потврди работата со полн капацитет Министерството за одбрана ќе го разгледа прашањето за зголемување на нарачката на овие производи“, прецизираше генерал Гуљаев.
Од министерството велат дека УЕТ-1 е ново универзално електрично торпедо со подобрени борбени и технички карактеристики. Тоа ќе го замени застареното самонаведувано торпедо УСЕТ-80 (УСЭТ-80). Новото торпедо има калибар 533 мм и поголем домет од старото УСЕТ-80, побрзо е и на поголема далечина ги открива подводните цели. Една од неговите особености е и можноста да ги открива бродовите по трагата што ја оставаат во водата, како и фината регулација на брзината.
Торпедата УСЕТ-80 која се користат сега нема да одат во „старо железо“, туку се праќаат на ремонт. „Во наредниве две недели ќе склучиме двегодишен договор кој потоа може да се продолжи“, прецизира адмирал Вернигора.
Офицерите објаснија дека УСЕТ-80 е застарено, но немало никакви жалби на неговото функционирање. Со ремонтот ќе се продолжи работниот век на овие торпеда, ќе биде извршена нивна комплетна проверка и ќе бидат заменети одделни детали.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче