Планирано е истовремено да се зголеми и силата на моторот, како и маневарските можности на транспортерот и неговата заштита, пренесува „Взгљад“.
Меѓу другото, планирано е да се стави нов мотор „КамАЗ-740.50“ со 360 коњски сили, по што оклопниот транспортер ќе биде полесен 500 кг. Покрај тоа, новите гасеници ќе ја намалат тежината на транспортерот за дополнителни 300 килограма, така што машината сѐ на сѐ ќе биде 800 килограми полесна, што ќе овозможи да се стави на МТ-ЛБ дополнителен оклоп.
Хидрауличниот систем за вртење на транспортерот овозможува машината да се врти во сите брзини.
Прочитајте повеќе: Направен, но никогаш неупотребен: Рускиот тенк „Малечок“