Заштитникот на „Јарс”: Што сѐ може противдиверзантскиот „Тајфун-М”

Виталиј В. Кузмин
Во неодамна одржаните масовни маневри на руските единици на Ракетните сили за стратешка намена учествуваа повеќе од 300 единици различна техника.

Во неодамна одржаните масовни маневри на руските единици на Ракетните сили за стратешка намена учествуваа повеќе од 300 единици различна техника.

Како што објави Групата за информирање на Ракетните сили за стратешка намена, во состав на специјалните формации се користени новите противдиверзантски возила „Тајфун-М”. Во репортажата објавена на воениот канал на „Јутјуб“ ЛЕЙНИ-ТВ се објавени кадри од примената на новата техника на вежбите.

„Тајфун-М” е специјално проектиран за заштита на мобилните системи за стратешка намена „Јарс”. За база на возилата е избран оклопниот транспортер БТР-82, кој одлично се покажа во борбена примена.

Оклопното возило је опремено со сѐ што е потребно за борба против диверзанти и терористи. Пред сѐ, приближувањето на непријателот ќе биде откриено на голема оддалеченост со помош на беспилотното летало кое може да контролира територија на растојание до 25 километри од противдиверзантските возила (БМДМ).

На оддалеченост од 6 километри радарите на БМДМ ќе можат да забележат сомнителни возила.

Кога непријателот ќе пријде на 2-3 километри, на нишан го зема оптичкоелектронската станица со термовизиски канал.

На седумчлениот екипаж на противдиверзантското возило му стојат на располагање: комплет специјални сензори, апаратура за радијациска и хемиска контрола и систем за попречување на радиолинијата за управување со мини.

Противдиверзантското возило има борбен модул на далечинско управување со митралез ПК (митралез „Калашников“) калибар 7,62 милиметри.

Погледнете ја новата техника на руските ракетни сили за стратешка намена

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња