Видео: Тестирање на најновиот борбен роботизиран систем „Уран 9“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видеоснимка со новото моќно борбено возило без екипаж „Уран 9“ (робот-тенк) кое е во состојба да ги совлада сите пречки и да дејствува во сите временски услови.

Видеоснимката што ја направи Министерството за одбрана на Руската Федерација ја прикажа телевизиската станица „Ѕвезда“. Овој повеќенаменски систем со кој се управува далечински ќе може да се види на 9 мај на Парадата на Победата во Москва. Како што велат од одделението за информирање и медиуми на рускиот воен ресор, на парадата покрај роботизираните системи „Уран 6“ и „Уран 9“ ќе учествуваат и беспилотните летала „Катран“ и „Корсар“.

Борбениот повеќенаменски роботизиран систем „Уран 9“ е наменет за заштита на жива сила од непријателски напад и обезбедување на нејзино повлекување пред напад. Може да уништува не само жива сила и леснооклопна техника, туку и потешки тенкови. На борбените машини без екипаж се поставени противтенковски наведувани ракети „Атака“, автоматски топ 2А72 со калибар 30 мм, како и митралез со калибар 7,62 мм, пренесува „Росијскаја газета“.

Прочитајте повеќе: Руската војска ги покажа можностите на борбениот робот „Уран-9“