„Мултифункционалниот борбен модул се состои од систем за управување, комплет контроли, автоматски топ 2А72 со муниција од 200 полнења“, ги пренесува зборовите на воениот претставник Леонид Маслеников телевизијата „Ѕвезда“.
Борбениот робот „Уран-9“ е опремен со автомат „Калашников“ и 1000 куршуми, противтенковски ракети „Атака“, противвоздушен систем „Игла“. Целиот свој арсенал „Уран-9“ постојано го носи со себе и тежи над 10 тони. Се истакнува дека во оваа бројка е вклучена и тежината на оклопот.
Според зборовите на војниците, „Уран-9“ нема слични на себе во светот. Во видеото роботот самостојно ги надминува пречките, ги наоѓа целите и го применува оружјето во услови слични на борбени.
На 30 декември 2015 година „Рособоронекспорт“ објави почеток на промовирањето на меѓународниот пазар на „Уран-9“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче