Наредниве години инженерските единци на руската армија ќе бидат модернизирани со најновите роботички системи кои во Сирија исчистија од мини повеќе од 6500 хектари земја и онеспособија повеќе од 100000 експлозивни направи.
Како што тврдат експертите, овие машини можат да поднесат експлозија од 10 кг тротил и да продолжат со работа. Првпат се користени за чистење од мини на Палмира 2016 година, а потоа на Алепо, еден од најголемите сириски градови.
Со овие роботи се управува на далечина од 50 метри, а роботот со брзина од 2-3 км/ч како булдожер расчистува пат низ мински полиња. „Уран-6“ лесно поднесува и серија експлозии. Се движи на гасеници, па лесно може да совлада секаква пречка висока еден метар.
Паралелно со поголемиот систем „Уран“, во чистењето на териториите од мини во Сирија учествуваа и неговите помали браќа „Скарабеј“ и „Сфера“.
„Техниката не стои во место. Порано во извидница одеа луѓе и кучиња“, вели во интервјуто за Russia Beyond воениот експерт Дмитриј Литовкин. „Но, сега се појавија мали деминери-извидувачи кои го снимаат подрачјето и не постои ризик по човечките животи“. Тие роботи можат да се движат во подземни тунели и дури и да се спуштат во бунар.
Имињата ги добија според изгледот. „Сфера“ личи на помал брат на ББ8 од „Војна на ѕвездите“. Тоа е мала топка со камери на сите четири страни. „Сфера“ нема да се скрши и ако падне од висина од 5 метри на каква било тврда подлога.
„Скарабеј“ е мала машина на тркала. И покрај размерот и тоа што потсетува на играчка, работи во најтешки услови и на непристапни терени. Во најтешки метеоролошки услови пренесува јасна слика и радиосигнал на далечина од 250 метри.
Прочитајте кои се Топ 5 руски борбени роботи
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче