Топ 5 руски борбени роботи

Платформа-М .Извор: Игор Зарембо / РИА Новости

Платформа-М .Извор: Игор Зарембо / РИА Новости

Во почетокот на ноември Министерството за одбрана на Русија го утврди концептот за развој на роботехнички системи и нивна примена во воени цели. Според податоците на министерството, роботите ќе почнат активно „да јуришаат“ на армијата веќе во 2017-2018 година, а до 2025 година нивното учество во вооружените сили на Русија ќе изнесува приближно 30% од севкупниот број на воената техника. Сепак борбените роботи веќе „си ставија еполети“: во моментов армијата успешно користи низа машини, а некои модели на техника се тестираат. „Руска реч на македонски“ ги одбра 5-те најперспективни воени роботи со руски дизајн.

Универзален војник: Платформа-М 

Платформа-М е најновиот роботизиран борбен комплет направен за водење борба без стапување во директен контакт со противникот. Според замислата на дизајнерите, овој комплет е универзална борбена единица, способна да врши функција на извидница, како и функција на патрола и обезбедување на важни објекти. Благодарение на своето вооружување, Платформа-М ќе биде погодна и за огнена поддршка. Неговиот систем за наведување на оружјето врз целта работи во автоматски режим без човечко учество. Платформа-М е минијатурен, но страшен робот: вооружен е со фрлач на гранати и митралески систем. „Момчето“ веќе прекрасно се препорача на воените вежби во Калининград летото 2014 година и во денешно време продолжува да се употребува во војската. 

Чуварот на Јарсовите: мобилниот роботехнички комплет Волк-2 


Фотографија: Виталиј В. Кузмин / Wikipedia.org

Роботи за руската војска
За време на маневрите на руската Балтичка флота кои се одржуваа во исто време со меѓународните воени вежби на НАТО „Удар на сабјата 2014“ и „Балтопс 2014“, беа употребени борбените роботи Платформа-М, вооружени со фрлачи на гранати и со митралези Калашников. Роботите извршуваа борбени задачи заедно со своите живи колеги.

Волк-2 е уште еден „универзален војник“ кој според своите борбени задачи го повторува Платформа-М, само што е помоќен и потежок (тој тежи 1 тон, додека Платформа-М – 800 кг). Волк има гасенична шасија со зголемена проодност, така што недостатокот од патишта ни најмалку не влијае врз неговата брзина. Машината без екипаж, управувана преку  радиоканал на растојание до 5 км, на тестирањата бестрашно форсираше пролетна распатица. Опремен со тешки митралези „Калашников“ и митралези со голем калибар „Утес“ и „Корд“, „Волк“ може да стрела при брзина од 35 км/ч на секакво време и во кое било време од деноноќието. Прецизноста на погодувањето на целта на неговите проектили го обезбедуваат уредот со инфрацрвени зраци, ласерскиот нишан и гиростабилизаторот, а заштитата на роботот ја обезбедува слој специјален оклоп. Машината засега сè уште се тестира, меѓутоа местото на нејзината служба веќе е определено: таа ќе се користи во ракетните единици за стратешка намена како чувари на комплетите Топољ-М и Јарс. 

Вештиот деминер: Уран-6 


Фотографија: Саид Царнаев / РИА Новости

Уран -6 е мултифункционален комплет за деминирање кој може да замени 20 деминери. Својата работа роботот ја извршува од далечина. Операторот го управува Уран од безбедно растојание до 1 км. Машината, комплетирана со ножеви за булдожер и со чистачи на мини, оди по опасниот месност, бара и на команда од операторот ги деминира мините и неексплодираните полнења. Согласно техничките карактеристики на Уран-6, тој може да деминира експлозивен предмет еквивалентен на тротил со моќност до 60 кг. Сепак сета работа засега не му ја доверуваат. По него одат деминерите и проверуваат колку темелно Уран-6 ја расчистил месноста. Според замислата на дизајнерите на машината, таа треба да деминира до 98% од поминатата месност. Во денешно време Уран-6 се тестира во руската република Чеченија – во горниот масив на Веденскиот реон. Месноста е многу сложена, и доколку Уран-6 достојно се покаже на тие тестирања, машината ќе влезе во сериско производство. 

Робот-специјалец: Стрелец 


Фотографија: Денис Передриенко

Топ 5 егзотични руски оружја
„Руска реч на македонски“ ви ги претставува петте руски оружја со најегзотичен изглед.

Стрелец е во суштина само митралез монтиран на гасенична шасија. Сепак оваа машина е вистински помошник на специјалците. За сметка на своите мали димензии и лесната тежина (само половина тон), Стрелок може да се употреби за јуриш на згради во услови на густа урбана средина, спасувајќи ги животите на војниците. Машината е со мошне бавен од – се движи со човечка брзина (4 км/ч), сепак роботот може да се качува по скали и во ситуација на урбана борба или антитерористичка операција е едноставно незаменлив. Стрелок дебитираше на воената изложба во Нижни Тагил во септември 2013 година, меѓутоа во моментов за неговата судбина ништо не се знае. 

Робот-амфибија: Гном 


Фотографија: Јуриј Мачков / ТАСС

Подводниот робот Гном не носи никакво оружје и според изгледот потсетува на чудна видеокамера. Со движењето на Гном управува оператор со помош на џојстик, а под вода роботот бара и онеспособува опасни по човекот предмети, на пример, мини. Опремен е со локатор за поглед од 360 степени и гледа на далечина до 100 метри. Тоа овозможува да се користи не само во ситуации за потрага и спасување, но и во својство на подводен извидник. Тежината му е само 11 килограми, а неговите димензии овозможуваат Гном да може да се носи дури и во рачен багаж. Подводниот робот во 2005 година ги помина тестирањата на Балтикот и оттогаш служи во редовите на руската морнарица.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња