Колку ќе чини модернизацијата на „Адмирал Кузнецов“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ремонтот и модернизацијата на рускиот тежок крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ ќе чини 60 милијарди рубли или околу една милијарда долари сегашниот курс, пренесуваат руските медиуми.

Припадниците на воените структури и стручњаци го подготвија и потпишаа техничкиот проект, пишува агенцијата „Интерфакс“ повикувајќи се на соговорник кој наведената цифра ја оцени како охрабрувачка. Претходно се зборуваше за вкупна сума од 22 до 69 милијарди рубли, додека за модернизацијата на „Адмирал Горшаков“ кој ѝ беше продаден на Индија се потрошени 2,3 милијарди долари.

На единствениот носач на авиони од оваа класа во Русија веќе одамна му треба модернизација. Направен е пред 25 години, така што некои системи и механизми се веќе дотраени и застарени. Како што претходно изјави заменик-командантот на Воената морнарица вицеадмиралот Виктор Бусук, на бродот ќе бидат замените котлите и инсталирани нови системи за набљудување и командување. Бродот ќе добие и нови механизми за сопирање при слетување на воздухопловите на пистата на носачот на авиони, како и сигнална опрема. Ќе бидат инсталирани и нови средства за противвоздушна одбрана.

Крстосувачот ќе биде модернизиран во 35 ремонтно бродоградилиште во Мурманск, а завршувањето на работите се планира да биде до крајот на 2020 година.

Тешкиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ е изграден во Црноморското бродоградилиште, а во експлоатација е воведен 1991 година.

Прочитајте повеќе: Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ добива ново оружје