Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ добива ново оружје

Reuters
Работите на модернизацијата на тешкиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ ќе почнат во мај, соопшти заменик-главниот командант на Воената морнарица на Русија, вицеадмирал Виктор Бурсук.

Како што наведе тој, потпишан е договор за модернизација на бродот, направен е список на предвидените работи и утврден е нивниот изведувач, а тоа е 35 ремонтен завод во Мурманск.  

На крстосувачот се менува енергетската опрема, котлите и низа пумпи, а ќе се појават и нови уреди за обезбедување на летовите, кои ги сочинуваат системите за слетување, набљудување и управување. Противвоздушната одбрана на бродот ќе ја подобри морнаричката верзија на системот „Панцир“, рече Бурсук.

Морнаричката верзија на противвоздушниот ракетнотоповски систем „Панцир“ е иста како и копнената, со тоа што може да ја користи и перспективната ракета „Хермес К“ која се наведува со помош на беспилотни летала. Бродскиот систем првпат во светот беше претставен во Индија, а во Русија се наоѓа во фаза на тестирање во Црноморската флота.

Обновениот крстосувач треба да се врати во флотата во 2021 година.

Тешкиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ е единствениот брод од таков тип во руската флота. Тој е единствен и според светските морнарички мерила бидејќи во себе ги спојува функциите на носач на авиони и ударен брод со сериозно вооружување, па така со стрелба од 12 лансирни уреди во кои се наоѓаат суперсоничните противбродски ракети „Гранит“ може да биде уништена цела ескадра носачи на авиони. 

Депласманот му е 60 илјади тони, должината 306 метри, екипажот го сочинуваат 1980 морнари. На бродот можат да бидат распореден до 50 авиони и хелиоптери.

Перспективниот носач на авиони на руската Воена морнарица ќе има депласман од најмалку 70 илјади тони, пишува „Росијскаја газета“. Како што истакна Виктор Бурсук, „изградбата на лесни бродови од таа класа не е целеисходна“.

Претходно Криловскиот центар го претстави проектот за носачот на авиони „Шторм“ со депласман од 90 илјади тони и нуклеарен погонски агрегат. Потпишувањето на договорот за изградба на бродот се очекува 2026 година, а неговото завршување до 2030 година.

Прочитајте девет факти за носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња