Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“.
РИА „Новости“Ремонтот на единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, кој ќе почне во 2018 година, ќе потрае 2,5-3 години, изјави за РИА „Новости“ во средата на форумот „Армија-2017“ заменик-командантот за вооружување на Воената морнарица на Русија вице-адмиралот Виктор Бурсук.
„Адмирал Кузнецов“ ќе се ремонтира во 2018 година. Ремонтот ќе потрае 2,5-3 години. Мисија на бродот во Сирија дотогаш не се планира“, изјави Бурсук.
Во октомври 2016 година бродска ударна група предводена од тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“, во која беше и „Адмирал Кузнецов“ се наоѓаше на подрачјето на североисточниот Атлантски океан и Средоземното море. Од 8 ноември групата извршуваше задачи за борба против тероризмот во Сирија.
Рускиот носач на авиони имаше на својата палуба повеќе од 40 авиони и хеликоптери. Првпат во историјата на Русија на 15 ноември беше извршена борбена примена на палубните авиони Су-33. За два месеца борбена служба пилотите на поморската авијација на „Адмирал Кузнецов“ реализираа 420 борбени летови во текот на кои беа погодени повеќе од 1200 објекти на терористите на територијата на Сирија. Врз цели во Сирија беа извршени и напади со крстосувачки ракети.
Во февруари групата бродови се врати во Североморск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче