Видео: Колкава пробојност има куршумот истрелан од рускиот пиштол „Јаригин“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во видеото објавено на каналот WarGonzo е забележан уште еден експеримент, во кој со пиштолот „Јаригин“ („Грач“) се гаѓани три мети во обид да се одговори на прашањето колку овие објекти се отпорни на куршум со калибар 9х19 мм.

Во својство на мети беа кофа со песок, хотелски сеф и автомобилски диск за запирање. Кофата не беше целосно пробиена од сите куршуми со кои беше гаѓана, затоа што некои заглавија во песокот кој, според мислењето на учесниците, е сигурна заштита.

Куршумите од пиштолот „Јаригин“ не успеаја да го пробијат ниту хотелскиот сеф. Документите и парите беа зачувани, само што сопственикот ќе мора да смисли како да дојде до нив, со оглед на тоа што бравата на сефот се заглави при погодокот.

Пиштолот „Јаригин“ („Грач“) е полуавтоматски пиштол, а го произведува Ижевскиот механички завод. Развиен е од тим стручњаци под раководство на Владимир Јаригин. Куршумите со се калибар 9х19 мм „Парабелум“, рамката собира 18 куршуми. 

Погледнете го тестирањето на експерименталниот пиштол PL-15