Пиштолот што го штити Путин

Сергеј Мамонтов / РИА Новости
Модификацијата на легендарниот полутаен пиштол СМС може наскоро да се појави во вооружувањето на руската војска.

Во вооружувањето на руската војска наскоро може да стаса нов пиштол кој ќе ги замени ПМ (Макаров) и ПЈ (Јагарин). Новиот модел го изработи Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба, а ова го потврдуваат и претставници од оваа организација.

Иако не се зборува за кој модел на пиштол станува збор, најверојатно станува збор за една од модификациите на најубиствениот и најкомпактен пиштол (автомарскиот СПС – самополнечки пиштол на Сердјуков).

Со оглед на своите карактеристики СПС се смета за еден од најдобрите современи пиштоли, а е конструиран „од нула“, односно без потпирање на претходните модели. Само стручњаците за стрелачко вооружување знаат за него, иако тој строго се чува во тајна.

Не е добредојден во САД

Со пиштолот на Сердјуков (конструкторот се презива исто како и поранешниот министер за одбрана на Русија) се вооружени припадниците на ФСО (Федерална служба за заштита на лица) од личното обезбедување на Владимир Путин, кои не се одвојуваат од претседателот и кои го следат на официјалните посети по целиот свет.

Ова компактно оружје е толку убиствено, што Федералната служба за заштита на лица доби забрана овој пиштол да го внесе во САД. Американците на руските безбедносни служби им дозволуваат да носат само послабо лично вооружување.

И во оган, и во вода

СПС е доверлив и во екстремни климатски услови: тој е подеднакво ефикасен и при арктичко студенило од -50 степени според Целзиус и на исцрпувачки температури од +50. Кога стрелец со просечно ниво на обука ќе испука 10 куршуми од овој пиштол, остварува добра густина на групирање на погодоците: на оддалеченост од 25 метри дисперзијата на погодоци изнесува само 6.5 сантиметри, а на оддалеченост од 100 метро – 32 сантиметри.

Пиштолот на Сердјуков се појави во бурните девдесетти години од минатиот век како ново офицерско лично вооружување. Русија тогаш беше зафатена со криминален бран. Во тоа време криминалците активно користеа панцири, така што беше потребен пиштол кој ќе може да мине низ нив. На растојание од 100 метри СПС со куршуми СП10 (специјално изработени за овој пиштол) пробива панцири со титаниумски плочи со дебелина од 1.4 милиметри 30 слоја кевлар, или со челичен лим со дебелина од 4 милиметри.

СПС постојано се усовршува: во август 2012 година Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба презентираше уште една модификација на овој пиштол со ознака СР1МП. Таа е карактеристична по тоа што има жлебови по должината на двете страни од предниот дел на рамката, како и Пикатиниева шина (за монтирање различни колиматорски нишани-, ласерски покажувач на целта и тактички лабми. Освен тоа, на пиштолот СР1МП може да се стави и придушувач.

Вооружените сили на Русија досега не го купуваа овој пиштол. Тој се произведува во фабриката „Мајак“ за елитни единици на ФСБ, ФСО и МВР, но во мали серии, со оглед на тоа дека на специјалните единици не им се потребни големи партии оружје.

Карактеристики

Калибар: 9 mm
Муниција: куршуми 9х21m СП-10  или  9х21mm СП-11,  или  9х21mm СП-12,  или  9х21mm СП-13
Тежина: 0,995 kg (без шаржер)
Должина: 225 mm
Должина на цевката: 120 mm
Нишанска далечина: 200 метри
Рамка: пиштолски тип за 18 куршуми, може да се симне

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња