Видео: Тестирање на хибрид на рускиот автомат „Калашников“ и австрискиот пиштол „Глок“

Youtube
Двете икони на руското и австриското оружје, автоматската пушка „Калашников“ и пиштолот Glock се покажаа како создадени една за друга, тврдат стручњаците.

Хибридот добиен со нивно вкрстување се одликува со издржливост, леснотија во ракувањето, мала маса и елегантен изглед.

Судејќи според видеоснимката, AK-Draco NAK9 иако брзометен, не може да истрелува рафали, пишува весникот „Росијскаја газета“.

Со оглед на тоа дека во видеоматеријалот не се гледаат метите, не може да се заклучи колку е прецизен хибридот, наведува весникот.

Треба да се истакне дека AK-Draco NAK9 не е производ на вештите раце, настанат во домашна работилници, туку е чедо на американската компанија Century Arms. Новитетот се произведува во Романија и неодамна е пуштен во продажба.

AK-Draco NAK9 ги наследи од АК изгледот и нишанот. Направен е како и „Глок“ од цврста, лесна и термоотпорна пластика. Масата на хибридот е 900 грама, од кои 250 грама отпаѓаат на рамката. Куршумите калибар 9 мм се исто така на „Глок“.

Покрај стандардната варијанта на рамка со 17 куршуми, постојат и опции со 19 и 33 куршуми.

Прочитајте повеќе: Руските војници наскоро опремени со пушките АК-12 и АК-15

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња