Пиштоли „Макаров“.
Arsenal Fire ArmsАвторитетниот американски новински сајт The FireArm Blog веќе објави напис за новиот „руски бесшумен пиштол“, истакнувајќи ја избалансираноста на конструкцијата и дизајнот на новитетот. Од отворени извори е познато дека експерименталниот пиштол ОЦ-122 е дизајниран за да се задоволат сите современи барања за ергономијата на оружјето. Експертите објаснуваат дека пиштолот првично не бил замислен како воен. Дури и на објавените фотографии од целата структура се издвојува масивниот придушувач со комора за барутните гасови, кој и ја открива намената на пиштолот. Друг важен фактор за судбината на ОЦ-122 е изборот на муницијата.
„Ниска почетна брзина на зрното подобро одговара на пиштол за кој се предвидува активно да се користи со придушувач“, изјави во коментар за телевизијата „Ѕвезда“ воениот експерт Јуриј Лјамин. Муницијата со калибар .45АСР има потежок куршум со помала почетна брзина на лет во однос на муницијата со калибар 9×19мм - 250 метри во секунда наспроти 360 и голема маса. Во услови на борба ова може да има позитивно влијание на нивото на бучава, а со користење на придушувач ќе овозможи да се намали ризикот за откривање на стрелецот на минимум.
Ако тестирањата на пиштолот, за кој повеќе детали засега не објавува производителот, поминат успешно, тогаш единиците на Росгвардија и Министерството за одбрана на Русија во најблиска иднина можат да добијат модерен ергономски пиштол. Уште еден клучен факт во приказната за необичниот пиштол е и можноста за производство на муниција. Наспроти популарното верување, производството на куршуми .45АСР постои во Русија и нема да биде тешко да се зголеми доколку, според експертите, има државна нарачка за тој пиштол – едно од претпријатијата кои произведуваат муниција .45АСР е Тулскиот завод за патрони (ТПЗ).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче