Зошто американските експерти сметаат дека руската подморница Б-90 „Саров” е „застрашувачка”?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските експерти сметаат дека руската подморничка флота претставува голема опасност за САД. Особено внимание посветуваат на експерименталната дизел-електрична подморница Б-90 „Саров”. Според нив, оваа подморница може да го носи таканареченото „оружје на Судниот ден”, новото нуклеарно торпедо „Статус-6”. За тоа пишува магазинот Popular Mechanics.

Магазинот наведува дека првите тестирања на торпедото „Статус-6“ се одржани на 27 ноември 2016 година. Резултатите од тестирањето не се познати.

Сепак, американските аналитичари сметаат дека торпедата на нуклеарен погон можат да се движат со брзина од 90 јазли на длабочина до илјада метри. Дострелот на „Статус“ е 10 илјади километри, а големината на неговиот боев дел е со должина од 6,5 метри.

Според податоците со кои располагаат Американците, во боевиот дел на торпедото може да се наоѓа термонуклеарно полнење со сила до 100 мегатони. Доколку тоа би експлодирало во близина на американскиот брег, би предизвикало џиновско цунами кое од лицето на земјата би ги збришало американските крајбрежни држави заедно со морнаричките и воздухопловните бази. Освен тоа, на местото на експлозијата би настанале зони со радиоактивно загадување, неповолни за живот за подолг период.

Освен подморницата „Саров“, како потенцијални носачи на торпедото на „судниот ден“ се споменуваат и подморниците  „Белгород” од проектот 09852 „Антеј” и „Хабаровск” од проектот 09851.

Подморницата „Саров” е единствената подморница од проектот 20120. Направена е врз база на трупот на подморницата од проектот „Сарган“ од доцните 80-ти. Спуштена е во вода во декември 2007 година.

Прочитајте повеќе: Американски портал пишува за руското оружје на „Судниот ден“