„Екипажите кои се наоѓаат во состав на Воздушно-космичките сили, а кои се предвидени со своите летала да учествуваат на големата воена парада на Црвениот плоштад, ја завршија етапата на увежбување на парадниот приказ заедно со пешадиските и механизираните ешалони, кои исто така ќе учествуваат на оваа голема свеченост. Од 9 до 24 април пилотите на Воздушно-космичките сили успешно го исполнија вкупниот фонд на часови за летањето, предвиден за увежбување“, се истакнува во соопштението. На воената парада која се одржува на 9 мај 2018 година ќе учествуваат 75 воздухопловни екипажи кои се наоѓаат во состав на оперативно-тактичката, стратешката, воено-транспортната и армиската авијација. На парадата ќе ги видиме стратешките бомбардери-ракетоносци Т-160, Ту-95МС, бомбардерите со голем домет Т-22М3, потоа авиоцистерната Ил-78, големите воено-транспортни авиони Ил-76МД, повеќенаменските борбени авиони Су-35, Су-30СМ, МиГ-29, ловците-пресретнувачи МиГ-31, тактичките бомбардери Су-34 и Су-24М, јуришниците Су-25, воено-транспортните хеликоптери Ми-26, Ми-8 и офанзивните хеликоптери Ми-28Н, Ка-52, Ми-24. Покрај овие летала, на парадата првпат ќе учествуваат и повеќенаменските борбени авиони од петта генерација Су-57.
Заради специфичната динамика на изведување на воздухопловната програма, вкупно ќе бидат ангажирани осум аеродроми кои се наоѓаат во Московската, Тверската, Саратовската, Калушката, Воронешката, Липецката и Нижегородската област.
„Парадните воздушни коридори за прелет на авијацијата се наоѓаат на висина од 150 метри, а брзината на движење во тие коридори ќе изнесува околу 200 км/ч. За воздухопловните екипажи на оперативно-тактичката, стратешката и воено-транспортната авијација, висината се движи во опсег од 300-500 метри, додека брзината е ограничена на 600 км/ч“, се истакнува во соопштението.