Се работи за нова модификација на носачот на ракети со голем домет Ту-22М3, кој е наменет за гаѓање на копнени и поморски цели од големи, средни и мали висини. Во состав на вооружувањето е примен 1989 година.
Освен тоа, бомбардерите Ту-22М3 учествуваа во воздушните напади врз терористите во Сирија.
Како што изјави рускиот сенатор Виктор Бондарев, Ту-22М3 има огромен потенцијал за модернизација. Според него, овие авиони ѝ обезбедуваат на руската стратешка авијација надмоќ во светот.
Бондарев истакна дека Ту-22М3 има напредни карактеристики. Максималната брзина му е 2300 километри на час, може да лета на висина до 13 километри, а со полн резервоар поминува шест илјади километри.