Тешките крстосувачки ракети Х-32 наскоро на стратешкиот бомбардер Ту-22М3

Ту-22М3

Ту-22М3

Вадим Савицки/Global Look Press
Претседателот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата (Горниот дом на рускиот парламент) и поранешен командант на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Бондарев го коментираше учеството на стратешките бомбардери Ту-22M3 во воздушната операција против терористите во Сирија.

Според рускиот сенатор, наведените авиони покажале висока ефикасност во воените дејствија на Блискиот Исток. „Овие ракетоносни бомбардери можат да функционираат во различни режими и се покажаа одлично како во поединечните, така и во тимските акции. Наша „армада“ од шест авиони Ту-22M3 пред некој ден ги ракетираше терористите во Абу Камал и притоа демонстрираше координирана и исклучително прецизна работа на групата“, истакна Бондарев.

Според него, сосема е логично што овие авиони се избрани за извршување на наведената операција на руските Воздушно-космички сили. Бомбардерите беа покривани од ловци Су-30СМ од руската база во Хмејмим. Најважните настани во Абу-Камал сега се одигруваат на копно. Руските пилоти успешно ја извршија својата задача - им овозможија на сириските трупи предводени од генералот Хасан Сухеил да ѝ го зададат решавачкиот удар на копно на терористичката организација „Исламска држава“.

Бондарев исто така истакна дека до 2018 година е планирана комплетна модернизација на сите стратешки бомбардери Ту-22M3 и сега интензивно се работи на тоа. Се модернизираат сите радиоелектронски уреди, и што е најважно, авионите се прилагодени така што ќе можат да носат современи тешки суперсонични ракети Х-32.

„Ту-22М3 има огромен потенцијал кога станува збор за модернизација“, смет Бондарев. „Овој бомбардер, заедно со Ту-160 и Ту-95, ја обезбедува доминацијата на руската стратешка авијација. Tu-22M3 има врвни карактеристики, развива суперсонична брзина (2300 км/ч), достигнува висина од 13 километри и без дополнување на гориво прелетува 6000 километри. Овие авиони се мултифункционални и имаат одлични маневарски способности. Можат прецизно да ги ракетираат како неподвижни, така и подвижни цели. Носат наведувани ракети и авионски бомби. Имаат голем радиус на дејство. Непречено функционираат во сите временски услови. Современиот нишанско-навигациски систем им овозможува да дејствуваат дури и во ноќни услови“.

Рускиот сенатор потсети дека Ту-22М3 одлично се покажа во Авганистан, на Северен Кавказ и во грузиско-осетинската војна. Сирија, според мислењето на Бондарев, ја надополни оваа триумфална листа. „Во секој случај, најновите извештаи од сириското боиште покажуваат дека терористите наскоро ќе бидат поразени“, истакна поранешниот командант на Воздушно-космичките сили на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња