На Парадата на Победата во Петербург ќе учествува легендарниот советски тенк Јосиф Сталин-3 „Штука“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На воената парада на плоштадот „Дворцоваја“ во Санкт Петербург првпат ќе учествува тешкиот советски тенк ИС-3. Како што соопшти прес-службата на Западниот воен округ на Русија, на чело на колоната со борбена техника ќе се најдат уште два легендарни тенка Т-34-76 и Т-34-85.

Во моментов последниот советски тежок тенк со прекар „Штука” („Щука”) се наоѓа во Ленинградската област во ремонтната станица на Западниот воен округ. Стручњаците веќе значително го обновија погонскиот систем на тенкот, ги заменија сите технички течности и акумулаторите и го обновија напојувањето на системот за управување.

Тенкот е ставен во погон и ги поминува тестирањата. Ќе добие специјални „чевли“ за движење по асфалт. Првата пробата за парадата ќе се одржи на 30 април.

Производството на тешкиот советски тенк ИС-3 под името „Кировец-1” почна летото 1944 година. А веќе во мај 1945 година првата пробна серија ја напушти фабриката. Кратенката ИС значи Јосиф Сталин (Иосиф Сталин), а бројот 3 је бројот на серискиот модел на ова семејство возила. Тенкот го доби прекарот „Штука” поради карактеристичниот горен преден дел. Произведени се вкупно 1555 тешки тенкови ИС-3.

Прочитајте повеќе за „Објектот 765”: Легендарното борбено возило на советската пешадија ќе биде реставрирано