Најголемата парада во историјата

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

Парадата на победата на 9 мај според бројот на учесниците и количеството на воената техника ќе биде најголема досега, а во исто време и „најплодна“ според воените новитети кои за првпат ќе ѝ бидат прикажани на јавноста. Најновите оклопни возила раскрстија со советското минато и им се приближија на западните стандарди.

Според постоечката традиција во Русија, најзначајните манифестаци за 9 мај ќе бидат воените паради на Црвениот плоштад во Москва и во други градови ширум Русија. Во над 150 руски градови и помали места ќе бидат организирани свечени дефилеа на воените единици. Како што изјави првиот човек на воениот ресор, генералот на армијата Сергеј Шојгу, на овие манифестации ќе учествуваат околу 85 илјади припадници на војската. 

Претстојната парада на Црвениот плоштад според своите димензии ќе биде најголема во историјата на современа Русија. „Ќе учествуваат над 15 илјади луѓе, заедно со претставници на силите од странство, со што ќе се формираат 10 парадни формации“, изјави генералот на армијата Сергеј Шојгу. „Освен тоа, планирано е воената техника да биде за 1.5 пат поголема од минатата година, со вкупен број од 200 примероци“. 

Текот на парадата 

Сценариото на парадата предвидува два дела: историски и современ. 

100 години руска ПВО
„Руска реч на македонски“ по повод 100-годишнината од основањето на руската противвоздушна одбрана ви го претставува нејзиниот пат низ историјата.

Парадата ќе ја отворат историските парадни групи, со воени униформи од Втората светска (Големата татковинска) војна. Дефилето на механизираната колона во историскиот дел на парадата го отвора тенкот Т-34 и самоодечкиот артилериски апарат СУ-100. 

Во состав на парадните формации на пешадиските колони ќе промаршираат кадети и курсисти на високите воени школи, питомците на Суворовската и на Нахимовската воена школа, кадетски корпуси, како и професионални припадници на Западниот воен округ, на Министерството за вонредни состојби, внатрешната војска на МНР и на Федералната служба за безбедност на Русија. 

Воздухопловниот дел на парадата ќе биде великолепен. Ќе бидат претставени 143 авиони и хеликоптери – двапати повеќе од минатата година. Меѓу нив се авионите Су-27, Су-34, пресретнувачите  МиГ-31, УТС Јак-130, товарните авиони Ан-124-100 „Руслан“ и Ил-76, авионот за радиолокациско извидување А-50, стратешките бомбардери Ту-22М3, Ту-95 и Ту-160, како и хеликоптерите Ми-8, Ми-26, Ми-28, Ка-52, и школскиот хеликоптер „Ансат-У“. 

Сепак, специфичноста на московската јубилејна парада на 9 мај не се состои само во големиот број учесници, како на луѓе, така и на воена техника. Оваа парада ќе го урне и рекордот според бројот на воените новитети (околу 70 примероци). На камениот плочник на Црвениот плоштад ќе минат самоодечките хаубици „Мста-С“, ракетниот систем „Искандер“, оклопните возила „Тигар“ и „Тајфун“, оклопните транспортери БТР-82А, тенковите Т-90, ракетните ПВО комплекси „БУК-М2“, „Тор-М2У“, ракетно-топовските ПВО системи „Панцир-С1“ и ракетните лансери за ПВО од системот „С-400“. 

Советското наследство е минато 

Претходно на парадите беа демонстрирани борбени возила од сериско производство кои влегуваа во вооружувањето на единиците, а сега на Црвениот плоштад ќе поминат примероци кои се сé уште во фаза на тестирање, што исто така претставува специфика на годинашнава парада. 

Станува збор за „симнување на ознаката за доверливост“ од најновите оклопни возила „Курганец-25“ и „Бумеранг“ на основа на тенкот „Армата“, кои сé уште никој ги нема видено. Дури и на пробите за парадата на полигонот во Алабино во близина на Москва, овие возила под церада го вежбаа поминувањето на колоната. Без церада беше само сталакот, според кој стручњаците заклучија дека новото оружје со својот изглед почнува да личи на западното. 

Катјуша на Парадата на победата
НПО „СПЛАВ“ од Тула, претпријатието-производител на фрлачи на ракети со повеќе цевки, ќе го реставрира својот гардиски фрлач на ракети БМ-13, во сиот свет познат како Катјуша. Одлучено е прабабата на современите фрлачи на ракети од типот Град, Смерч и Ураган, да биде симната од постаментот пред претпријатието НПО СПЛАВ, каде стои 20 години, да се реставрира и да се оспособи. По реставрацијата борбената машина ќе може да тргне, за да учествува на Парадата на победата на 9 мај во Тула.

„Во принцип тоа е ново оружје, нов почеток во изработката на тенкови. Руската школа за изградба на тенкови се прости од советското наследство и сега пред нас имаме концептуално поинаква техника. Сега нејзината компактност е во втор план, а приоритет е високиот степен на оклопната заштита, како и чувањето на животот на екипажот“, вели воениот историчар Александар Суханов за „Руска реч на македонски“. „Уште сега може да се каже дека сиве овие новитети ги одразуваат огромните промени кои се одиграа во конструкторската мисла на руската оклопна техника“, изјави експертот. 

Воени паради во руските региони 

Големи паради со учество на воена техника ќе се одржат во Калининград, Севастопољ, Санкт Петербур, каде ќе можат да се видат системите за крајбрежна одбрана „Бал“ и „Бастион“, подморниците од проектот 877 „Палтус“, ракетните бродови „Бора“ и „Самум“ кои лебдат на воздушна перница и големи подморници. 

На Урал, по улиците на Екатеринбург ќе продефилираат речиси 2.000 војници и 80 примероци на воената техника, меѓу нив и тенкот 72Б, оперативно-тактичкиот систем Искандер, ракетниот ПВО ситем Бук, ракетниот ПВО систем С-300. Во Екатеринбург за првпат ќе бидат претставени тешките ВБР системи „Буратино“ („Пинокио“). 

На Парадата на победата во Новосибирск за првпат ќе се појави ракетниот систем „Јарс“. Ќе биде претставен и лесниот јуришен автомобил „Гусар“, оклопното возило „Тигар“, фрлачот на ракети со повеќе цевки „Ураган“, оперативно–тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“. 

На Далечниот Исток најголема воена парада ќе биде одржана во Хабаровск (над 1.900 учесници и 100 примероци воена техника). Техниката од Големата татковинска војна ќе биде претставена со лесниот тенк МС-1, тешкиот тенк ИС-3 и со средните тенкови Т-34. По историскиот дел на парадата ќе помине современата воена техника: ракетно-топовскиот ПВО систем „Панцир-С“, ОТРК „Искандер“ и други. 

Парадата во Владивосток ќе биде малку поскромна (1.300 учесници, 30 единици воена техника и 5 бродови), но токму тука ќе може да се види системот за крајбрежна одбрана „Редут“. Техничкиот дел на парадата ќе го претставуваат системите С-300.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња