„Објектот 279“: Американски новинари го анализираа тешкото советско оклопно „чудовиште“

Сергеј Дукачев/Википедија
Американскиот „Национален Интерес“ се занимаваше со експерименталниот советски тенк познат како „Објект 279“, а чиј единствен прототип се наоѓа во Музејот на оклопна техника во подмосковскиот град Кубинки.

Новинарот Мајкл Пек пишува за необичната конструкција и за тоа време, импресивните борбени можности на тенкот.

„Само еден поглед на овој тенк е доволен да те фати еза“, констатира авторот на текстот, укажувајќи првин на неговиот движечки дел кој го сочинуваат четири гасеници.

Тенкот е развиен во Кировскиот завод во Ленинград 1957 година. Конструкторите тогаш беа насочени кон создавање на тешки тенкови кои стекнаа репутација во Втората светска војна. Шеесет тони тешкиот „Објект 279“ беше предвиден за јуриш и пробив на утврдените непријателски линии. На тенкот се сметаше и на терен по кој не може да помине полесната оклопна техника, со што и беше образложувана потребата од дополнителниот пар гасеници.

Новиот дизајн ја зголеми ефикасноста на тенкот на нерамен терен и овозможи совладување на природни пречки како што се мочуришта, длабок снег и полиња со исечени дрвја, се наведува во текстот.

Како што се истакнува, овалното тело на тенкот кое потсетува на летачка чинија е карактеристично и за западните конструкции од тоа време.

Како што се сметаше, таквиот облик можеше да спречи превртување на машината предизвикано од ударен бран на нуклеарна експлозија, па кон ова решение прибегнуваа многу конструктори на тенкови во светот. Затоа „Објектот 279“ само на прв поглед изгледа толку чудно.

Вооружувањето и заштитата на тенкот американскиот новинар ги карактеризира како импресивни.  Како што истакнува тој, орудието со калибар 130 мм со полуавтоматско полнење и брза стрелба, инфрацрвени нишани и радарски далечинометар претставуваше голема закана за противничките тенкови од тоа време. А моќната предна челична заштита од речиси 20 цм беше посебна приказна.

„Дали „Објектот 279“ можеше да биде ефикасен на бојното поле?“, се прашува авторот на текстот. Прашањето за примена на неговата сложена конструкција со четири гасеници останува отворено, констатира тој. Меѓутоа, тешко дека некој американски тенковски екипаж би се радувал на средба со советскиот тенк-монструм, заклучува Мајкл Пек.

Прочитајте повеќе за рускиот тенк „Малечок“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња