„Објектот 765”: Легендарното борбено возило на советската пешадија ќе биде реставрирано

НПК „Уралвагонзавод“
Легендарното прво сериско борбено возило на пешадијата или, како што го нарекуваат, „објект 765”, ќе биде реставрирано во фабриката „Уралвагонзавод”. Мајсторите веќе почнаа со работа над пробниот модел произведен 1974 година.

„Борбеното возило на пешадијата БМП-1 долго е користено во Челјабинскиот тракторски завод за различни тестирања, а во 2013 година решија да ни го предадат нам во „Уралвагонзавод“, соопшти прес-службата на корпорацијата од Нижни Тагил.

Легендарното борбено возило на пешадијата е сериозно оштетено. Тоа е целосно истрошено и беше подготвено за расходување. Меѓутоа, решено е раритетното возило да се спаси: да се реставрира и да се испрати во музеј.

„Стручњаците ги проучуваат проектните цртежи за да бидат уважени сите конструкциски и производни параметри на возилото. Тоа е долг процес кој бара голема прецизност”, соопшти претпријатието.

Надворешниот изглед на носечкиот дел на „објектот 765” е успешно обновен. Возилото е вооружено со топ со мазна цевка 2А28 „Гром” калибар 73 милиметри.

Прочитајте повеќе за „Објектот 279“: Американски новинари го анализираа тешкото советско оклопно „чудовиште“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња