Во битките кај Дамаск повторно забележан рускиот „Змеј Горинич“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во борбите против терористите на таканаречената „Исламска држава“ борците на сириската републиканска армија го користат и средството за деминирање на терен УР-83П, полесна верзија на познатиот „Змеј Горинич“ - УР-77 или „Метеорит“.

Основниот механизам на „Змејот Горинич“ за уништување на поставените мини претставува силниот ударен бран што го создава експлозивното полнење, односно ракетата УЗП-77 истрелана од фрлачот УР-77. Покрај ракетата, експлозивното полнење се наоѓа и во специјалниот детонирачки кабел ДКРП-4, кој паѓа на земјата заедно со ракетата. Овој кабел е наполнет со 18-22 експлозивни полнења/секции, секоја тешка по 40 кг, составени од високобризантен пластичен експлозив врз база на хексоген и алуминиум, што севкупно создава страшна експлозија еквивалентна на дури 1000 кг ТНТ! 

Ова експлозивно полнење се истрелува со помош на ракетни мотори на цврсто гориво ДМ-70, овозможувајќи ѝ на ракетата да прелета 200-500 метри. Ударниот бран механички дејствува на запалките на поставените мини, по што доаѓа до нивно детонирање.

Употребата на УР-77 гарантира создавање на безбедна „бреша“ во минско поле со должина од 100-115 метри и ширина од околу 6 метри, што е доволно за безбедно поминување на тенковска колона. Покрај тоа, ова средство многу ефикасно може да уништи и посеани противпешадиски мини, создавајќи малку поширок простор за пробив на трупи (до 14 метри).

Погледнете како рускиот „триглав змеј“ уништи терористички снајпери во Сирија