Пред него не останува ниедна непријателска мина: „Змејот Горинич“ во услови на улична борба

Виктор Толочко/TASS
Инженериско-деминерските единици на армијата за општа намена на Западниот воен округ почнаа вежби за деминирање на територија во услови на населено место, соопшти прес-службата на овој округ.

Главната специфичност на овие вежби се гледа во фактот дека за правење „бреши“ во полиња од противтенковски и противпешадиски мини ќе се користи самоодното орудие Ур-77 „Змеј Горинич“.

Огнот од условниот непријател ќе биде симулиран од прозорци и врати на куќи, што во голема мера ќе го отежнува извршувањето на задачите. Ширината на минските полиња ќе изнесува околу сто метри.

Задачата за деминирање ќе се смета завршена кога по направениот премин ќе можат да пројдат механизираните единици и ќе се распоредат во борбени формации за преглед на улиците и индивидуални станбени објекти.

Интензивната обука на деминерите во механизираните единици се врши во врска со зголемениот удел на противминското војување во современите вооружени судири. Со координираните дејствија на инженериско-деминерските единици во деминирање на различни делови терен со комбинирана метода се овозможува брзо и безбедно напредување на војската во услови на „урбано“ тактичко поле, ги коментираше вежбите генерал-мајор Тимур Трубиенко.

Во вежбите учествуваат повеќе од сто војници и околу 50 единици борбена и специјална техника. Инженерите ќе треба да постават и неутрализираат околу 150 школски мини.

На современиот уред за деминирање му е даден називот „Змеј Горинич“ (триглав змеј од руските бајки) поради необичноста на призорот: ракетата изникнува со рев и млаз кој се „влече“ зад неа како нешто виулесто и долго што потсетува на опашка на аждер.

Прочитајте: Русија го тестира „Змејот Горинич” пред носот на НАТО

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња