УР-77 „Метеорит“ познат како „Змеј Горинич“
Анатолиј Семјохин/TASSНа интернет се појави видео-снимка на која е прикажана примена на системот за деминирање УР-77 „Метеорит“, познат и како „ Змеј Горинич“ (Змей Горыныч), против терористички снајперисти во Сирија, соопштува „Росијскаја газета“.
УР-77 „Метеорит“ е направен врз база на самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“, со цел да прави широки премини на противтенковски мински полиња.
Според податоците на порталот topwar.ru, сириската армија го чистела источниот дел на Дамаск од терористи. На видео-снимката е прикажана моќна експлозија по која следува ударен бран, а потоа се креваат облаци од чад и прашина.
„Системот за деминирање УР-77 „Метеорит“ секако не е противснајперски, но многу ефикасно може да се бори против терористи кои се кријат во згради“, пишува ова издание.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче