Сирија: Руските „Сонцепјок“ и „Змеј Горинич“ ќе ги демолираат терористите во Источна Гута

Вадим Савицки/Global Look Press
Сириската армија, во координација со своите сојузници, се подготвува целосно да го уништи терористичкото легло кое се наоѓа на периферијата на главниот град Дамаск. Со цел да се спроведе оваа многу комплицирана задача, ќе се ангажираат и руските Воздушно-космички сили кои со своите борбени капацитети се наоѓаат во воздухопловната база Хмејмим.

Во оваа смисла, за многу краток временски рок е собрана изразено офанзивна борбена група со јачина на дивизија, составена од 10000 најелитни сириски борци. 

Источна Гута е практично од почетокот на војната во рацете на терористите кои се борат против легитимните власти во Дамаск и сириската армија. Во изминатите неколку години од војната оваа област беше запоседната од терористички сили со неколку илјади борци. Благодарение на густината на населените места кои се наоѓаат на просторот на источна Гута, терористите направија многу цврсто упориште од кое директно го загрозуваат главниот град. Во неколку временски и просторно ограничени офанзивни операции кои во изминатиот период ги изведоа сириските сили во содејство со своите сојузници, оваа територија е во голема мера изолирана и ставена во цврсто опкружување. Меѓутоа, понатамошниот напредок кон конечна победа над оваа терористичка енклава е исклучително тешка задача, бидејќи изминативе неколку години терористите изградија многу цврсти одбранбени позиции поврзани со лавиринти од подземни коридори. Покрај тоа, терористичките формации се исклучително добро вооружени со голем број ракетни фрлачи и противтенковски системи од различно потекло. Во урнатините се наоѓаат голем број на снајперисти, а посебен проблем претставуваат урбаните борбени групи, кои се многу подвижни и „до заби“ вооружени со сѐ и сешто. Речиси сите постојни коридори се минирани, а во урнатините се наоѓаат изненадувачки мини во огромни количини. Кај сите овие групи е присутен и факторот радикален верски фанатизам, што им дава нагласена истрајност во борбата, а неретко на предните линии на одбраната на сириската војска се изведуваат и самоубиствени бомбашки напади. Постојат оправдани сомневања дека во редовие на терористичките сили има добар дел на специјалисти од странски воено-разузнавачки структури кои се и тоа како заинтересирани за овој конфликт. Овие структури имаат задача за индоктринација, обука и управување со најекстремните терористички групи заради континуирано врзување на сириската армија за ова подрачје, што со нивно понатамошно јакнење би создало услови за сеопшт напад врз Дамаск и ликвидација на легитимна власт предводена од Башар ал-Асад.

Понатамошното комплицирање на ситуацијата на Блискиот Исток предизвика сириската команда заедно со своите сојузници да го разгледа прашањето на терористичките енклави во Источна Гута, која денес или утре може да создаде исклучително сериозни проблеми за сириското воени и политичко раководство, и дури и да го загрози Дамаск. Несомнено е дека терористичките сили, како и нивните странски спонзори, многу се надеваат кога станува збор за подрачјето токму на Источна Гута. Тоа е идеален простор кој во неповолен развиј на настаните за сириските сили може да се трансформира во стратешки правец од кој ќе уследи „блицкриг“ врз Дамаск, кој практично би довел до пресврт во оваа војна. Затоа таму се наоѓаат, можеби и „најелитните“ терористички сили со кои речиси е извесно дека раководат странски воени елементи и инфилтрирана „интелигенција“.

Судејќи според извештаите од теренот, сириската армија решила да стави крај на оваа приказна. Информациите кои доаѓаат од различни извори велат дека на овој простор од север и исток пристигнале единици на елитната дивизија „Тигар“, кои претходните месеци и години се претворија во „челичната острица“ на сириската армија, прославувајќи се во ослободувањето на големи делови од Сирија од ултрарадикалните терористи, и уништувањето на нивната новокомпонирана држава-монструм. Денес „Тигрите“ го практично главниот носител на сите посериозни офанзивни операции на сириската војска. Ова воопшто не е случаен резултат, бидејќи оваа единица во меѓувреме според својата структура, опремата и вооружување, се доближи до моторизираните единици какви што гледаме во состав на регуларната руска армија. Добар дел од руските инструктори учествуваа во сериозното унапредување на оваа единица, како и оспособувањето на нејзиниот команден, но и специјалистички кадар за изведување на најсложени борбени операции, како што се на пример воздушно-копнени битки. Покрај руски ОБТ Т-90 и новоформираните специјалистилки состави опремени со извидувачки беспилотни летала кои остваруваат врска со руските ВКС и сателитите, во состав на оваа единица е забележана примена на една или повеќе единици на повеќецевниот ракетен лансер попознат како ТОС-1А „Сонцепјок“ (рус. Солнцепек). Тешкиот повеќецевен ракетен фрлач калибар 220мм ТОС-1A во основа е наменет за огнена поддршка на пешадијата и оклопно-механизираните единици. Ефикасен е против непријателска жива сила која се наоѓа на отворено или во засолништа, но исто така и против леснооклопна борбена техника и транспортни средства. Подеднакво може да се користи во различни фази на битката. За разлика од конвенционалните повеќецевни ракетни фрлачи, ТОС-1А е проектиран да дејствува по предните линии на непријателската одбрана и поблиска тактички длабочина, со цел уништување на точкестите цели на противникот, утврдувањата, неговата оклопна техника која се наоѓа на отворен незаштитен простор или во засолништа. Нема сомнеж дека ова „застрашувачко“ борбено средство за огнена поддршка ќе го видиме  на дело, по отпочнувањето на активната фаза на операциите против опкружената, но добро „забарикадирана“ терористичка групација која очигледно има намера да се бори до последниот човек.

Ефективната употреба на ова средство е особено индицирана во опкружување какво што гледаме во Источна Гута. Со високопрецизни и дозирани ракетни напади составени од ракети со термобарички боеви глави, голем дел од терористите ќе ја дочекаат својата смрт уште по првиот удар, во зависност од зафатениот простор. Останатиот дел кој би го преживеале првиот деструктивен бран буквално со оган ќе биде истеран на чистина поради стравичниот психолошки ефект што го создава ова средство. Така контузирани и збунети, со дебел слој на прашина врз себе, ќе станат лесна цел за „Тигри“ кои паралелно со тоа ќе го почнат своето настапување. Згора на сѐ, целата операција интензивно ќе ја поддржува ловечко-бомбардерската групација на Воздушно-космичките сили од руската воздухопловна база Хмејмим, како и извидувачките елементи на ССО кои заедно со своите сириски колеги ќе го ставаат целиот терен под апсолутен оптички и радарски надзор.

Покрај овој пламенофрлачки систем, во рамките на оваа единица се наоѓа и УР-77 „Метеорит“ или „Змеј Горинич“, кој своето име го доби според триглавиот лош змеј кој блуе оган и го чува мостот преку кој се поминува во царството на мртвите. Неговата ефективна употреба е исто така многу индицирана на овој фронт, каде што се наоѓа голем број на стандардни и импровизирани минско-експлозивни борбени средства. Исто така, особено е спектакуларна неговата разорна моќ која е во состојба да срамни со земја еден цел помал градски кварт. Значи, се работи за многу употребливо средство кое ќе биде неизоставен дополнителен елемент во текот на сириската офанзивна операција, која во согласност со генералниот профил на непријателот мора да се одликува со висок степен на дрскост и крајна немилосрдност.  

УР-77 „Метеорит“  е конструиран уште за време на поранешниот СССР, а неговото усвојување во вооружувањето и сериското производство е започнато 1978 година. Основната мобилна платформа за интеграција на овој систем ја сочинува погонот на гасеници, т.е. делот за движење е позајмен од руската самоодна хаубица 2С1 „Гвоздика“. Возилото е во целост заштитено со заварен оклоп. УР-77 „Метеорит“ (Змеј Горинич) е направен со намера да го замени сличното средство УР-67 кое се наоѓаше пред сѐ во вооружувањето на инженериските единици на Црвена армија.

Системот е направен со цел деминирање на теренот од непријателски противтенковски мини, кои главно се поставени на главните правци на удар на оклопно-механизираните единици. Неговата употреба гарантира создавање на безбедна „бреша“ во минско поле со должина 100-115 метри и ширина од околу 6 метри, што е доволно за безбедно поминување на тенковска колона. Покрај тоа, ова средство може многу ефикасно да уништи и противпешадиски мини, создавајќи малку поширок простор за пробој на трупите (до 14 метри).

Основен механизам за уништување на поставените мини претставува силниот ударен бран што го создава експлозивното полнење, односно ракетата УЗП-77 која се лансира од фрлач УР-77. Освен во ракетата, експлозивно полнење се наоѓа и во специјалниот детонирачки кабел ДКРП-4 кој паѓа на земјата заедно со ракетата. Овој кабел е наполнети со 18-22 експлозивни полнења/секции со тежина од 40 кг поединечно, изработени од високораспрснувачки пластичен експлозив врз база на хексоген и алуминиум, што севкупни создава страшна експлозија еквивалентна на дури 1000 кг ТНТ! Ова експлозивно полнење се истрелува со помош на ракетни мотори на цврсто гориво ДМ-70, овозможувајќи ѝ на ракетата да прелета растојание од 200-500 метри. Ударниот бран механички дејствува врз детонаторите на поставените мини, по што доаѓа до нивна детонација.

УР-77 „Метеорит“ го опслужува екипа од два војника: возач и командир-оператор. За време на лансирањето и деминирањето, екипажот останува во возилото и исто така може и далечински да ја активира експлозијата додека се наоѓаат и надвор од возилото. Времето на еден циклус на деминирање трае околу 3-5 минути. Повторното полнење на системот трае околу 30-40 минути.

Погледнете го видеото: Рускиот „триглав змеј“ уништи терористички снајпери во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња