На првото место, како што можеше да се очекува, се наоѓа Lada 4x4, чија почетна цена е 459000 рубли (околу 6100 евра). Фабричката верзија има клиренс (оддалеченоста на средиштето на возилото од подлогата) од 205 милиметри, кратки браници и атмосферски мотор со запремнина од 1,7 литри.
Втората позиција ја зазеде Chevrolet Niva кој може да се пофали со клиренс од 200 милиметри, како и со подобрена во споредба со класичната „Нива“ кабина на возилото и квалитетни возни карактеристики.
UAZ
На третата позиција на ранг-листата се најде УАЗ „Патриот“. Без оглед на критиките на корисниците на сметка на квалитетот на монтажата, автомобилот има, како што се наведува, одлични теренски карактеристики.
http://azgaz.ru
ГАЗ-4WD, со погон на сите четири тркала, го зазеде четвртото место, додека УАЗ-2206, во Русија попознат како „Буханка“ (векна) се најде на петтото место на листата на најдобри руски теренци.
UAZ