Од крстосување по улиците со стил до покорување на мочуриштата: 10 најдобри LADA Niva

Павел Востриков
Веројатно еден од најпознатите иконски руски автомобили, теренецот „Нива“ е извезен во повеќе од 100 земји. Денес е исто толку популарен како што беше кога првпат беше направен во 1977 година. Russia Beyond ви ги претставува најинтересните преправени LADA Niva.

Оваа црна LADA 4x4 не изгледа не е само лесна за око, исто така е и многу функционална. Тротоарите и длабокиот снег не се ништо за овие тркала.

Можеби е тешко да се поверува, но овој теренско баги некогаш беше НИВА. „Малиот пајак“ - како што го нарекува сопственикот - не само што се трка, туку ги крстосува и планините.

„Шериф“ – ниеден криминалец нема да може да му избега на овој ѕвер од LADA.

Сакате да го почувствувате ветерот во вашата коса? Па, оваа LADA Niva нема покрив, само метални шипки, но тоа можеби не е најдобриот избор за возење за време на жестоките зими во Русија.

Подигнатите амортизери и зајакнатите гуми на ова лошо момче овозможуваат да се освојат длабоките шуми и непроодниот терен на рускиот Сибир.

Пламените што ги лижат страните кажуваат сѐ. Оваа NIVA не би изгледала како да не припаѓа на шоуто „Монстер Џем“ во САД. Се вика Црвен камен.

Погледнете го ова фраерско возило! Нови бандажи, фарба...и шоу-девојка!

Дали некогаш сте виделе автомобил кој како да припаѓа на калливо мочуриште?

Овој пастув му дава дополнителен стил на семејството на LADA Niva. Се вика „Козак“ и може да се вози по улиците на Краснодар, главниот град на кубанските козаци. Топлата клима во регионот е совршена за кабриолет.

Сопственикот на оваа Niva вели дека му помогнала да ги посети местата за кои само сонувал - навистина е совршена за оф-роуд.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња