Ерменски вљубеници во автомобили претворија теренец „Лада 4x4 Bronto“ во луксузно возило

Carspot Armenia/YouTube
Љубители на модифицирани автомобили од Ерменија се одлучија за алтернативна варијанта, па од „Нива“ не правеа брутален теренец туку луксузно возило.

Иако надворешниот изглед на автомобилот е многу изменет, силуетата на „Лада 4x4 Bronto“ и понатаму јасно се препознава. Радикални промени претрпе и внатрешноста на возилото. Во кабината се поставени кожни седишта од германскиот седан BMW E36 кој се произведуваше кон крајот на деведесеттите години на минатиот век. Седишта исто така имаат и греење во вид на позајмица од моделот „Лада Приора“ на АвтоВАЗ. Притоа е направена специјална централна конзола.

Во просторот за нозете на возачот и совозачот е вградено LED осветлување кое е поставено и во багажникот. Плафонот е земен од Chevrolet Blazer. Покрај бројните опции е монтирано и копче за старт на моторот. Затоа слободно може да се каже дека ерменските мајстори ја претвориле скромната „Нива“ во луксузен автомобил.

Прочитајте повеќе: Од крстосување по улиците со стил до покорување на мочуриштата: 10 најдобри LADA Niva

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња